На шест избирачки места се гласа на стариот начин поради технички проблеми. Не може да се смени апаратот со теренско возило, а мал е бројот на гласачи на тие места, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„Во Старо Нагоричане се потрошеле батериите од апаратаот за фингерпринт, а е планинско место и треба да се оди со теренско возило, што не е можно во моментов, затоа е одлучено да се гласа по старо“, изјави Даштевски.
На повеќе избирачки места се прави гужва, рече претседателот на ДИК , Александар Даштевски , поради тоа што во просториите се пушта по еден човек. Сега им препорачавме да пуштаат онолку луѓе колку што има гласачки кутии .
Најголема излезеност има во Новаци, Кратово и Крушево.
Според апликацијата на ДИК, досега гласале 197.952 граѓани од вкупниот број на избирачи – 1.824.864.