ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Дезинформација е дека вакцините содржат ткива од убиени бебиња

October 17, 2021 19:05
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии. Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19. Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

На социјалните мрежи се споделува објавa која сензационалистичко и ударно тврди дека за да се направат вакцините против ковид-19 биле убивани бебиња. Апсолутно неточно и крајно манипулативно и сензационалистички.

Вакцината која има за цел да го спаси човештвото е изградена врз Смртта. Мали, невини и беспомошни бебиња беа цинично убиени за да ги спасат лицата на големите луѓе.

Современиот човек е подготвен да стапне на трупови за да го спаси своето тело од црвите. Дури и стапнувајќи на трупови на деца.

Не, вакцините против ковид-19 не содржат клетки од абортирани фетуси. Меѓутоа, за да се направат некои од вакцините против ковид-19, при тестирањето и истражувањата биле користени фетални клеточни линии.

Феталните клеточни линии се нешто многу поразлично од ткиво од фетус. Тие понекогаш се користат во развојот, потврдувањето или производството на вакцини – вклучувајќи ги и вакцините против ковид-19.

Иако за правење на вакцината се користеле фетални клеточни линии, лабораториски реплицирани за време на процесот на производство, самата вакцина не содржи ткиво од фетус.

Овие фетални клеточни линии не се земени од неодамнешни абортуси, туку потекнуваат од легални доброволни абортуси кои што се случиле пред неколку децении. Тие индивидуални клетки од 1970 -тите и 1980 -тите години се одгледуваат и размножуваат во лабораторија при што во изминатите четири или пет децении се создале многу нови клетки, создавајќи ги феталните клеточни линии кои што се користат сега и кои што немаат никаква врска со оригиналните клетки.

Користењето фетални клетки за тестирање на ефикасноста и безбедноста на лековите е вообичаена практика, бидејќи тие обезбедуваат конзистентен и документиран стандард.

Вакви клетки се користат за да се развијат вакцини за болести како што се сипаници, хепатитис А, херпес зостер и рубеола, како и лекови за болести како цистична фиброза, хемофилија и ревматоиден артритис.

Производителите на вакцини можат да ги користат овие клеточни линии при фазите на истражување, развој и производство.

Вакви клеточни линии се користеле за време на истражувања направени при подготовка на вакцините против ковид-19 на Фајзер и Модерна и Џонсон & Џонсон.

Кога станува збор за вакцините на Фајзер и Модерна, феталната клеточна линија ХЕК 293 се користела за време на фазата на истражување и развој. Сите ХЕК 293 клетки потекнуваат од ткиво земено од абортус во 1973 година, што се случил во Холандија.

За вакцината Џонсон & Џонсон, феталните клеточни линии се користеле во фазата на развивање на вакцината. За да се направи вакцината Џонсон & Џонсон, научниците ги инфицирале феталните клеточни линии ПЕР Ц6 за да го зголемат векторот на аденовирусот. Сите ПЕР Ц6 клеточни линии што се користат за развивање на оваа вакцина потекнуваат од ткиво земено од абортус во 1985 година, што се случил во Холандија. Оваа клеточна линија се користи затоа што е добро проучен индустриски стандард за безбедно и сигурно производство на вирусни векторски вакцини.

Зошто се користат овие клетки?

Феталните клеточни линии се користат, бидејќи вирусите имаат тенденција да растат подобро во човечките клетки отколку животинските клетки. Феталните клетки не се делат онолку пати колку другите типови на клетки, така што тие можат да се користат подолго.

Андреа Гамбото, научник за вакцини од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург и водечки развивач на вакцини вели дека човечкото потекло на клетките е важно, бидејќи „животински клетки можат да произведуваат исти протеини, но тие би содржеле различни молекули на шеќер, што – во случај на вакцини – постои ризик да не предизвика специфичен имунолошки одговор“.

Употребата на вакви клеточни линии е контроверзно за верските водачи и групите кои се залагаат против абортус. Но, на крајот на декември 2020 година, од Ватикан соопштија дека во отсуство на вакцини направени од други извори, морално е прифатливо да се примаат вакцини против ковид-19, кои се развиени со користење на клеточни линии од прекинати фетуси

Вакви објави се дел од пошироката антиваксерска камапања, чија цел е да ги убеди луѓето да не се вакцинираат. Притоа, за таа цел користат половични, не докрај објаснети тврдења, како што е, впрочем, и оваа објава во која се содржани емотивни фрази како „беспомошни бебиња“ и „трупови на деца“ за дезинформациите побрзо и полесно да допрат до што е можно поголема публика, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk