ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Необјавен текст на Блаже Конески претставен на 6. Отворени денови на Институтот за македонски јазик

October 18, 2021 13:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Непознат ракопис што на три страници го напишал Блаже Конески и му го посветил на Никола Јонков Вапцаров беше претставен денеска на почетокот на шестите Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Д-р Марија Коробар-Белчева рече дека необјавениот текст на Конески, насловен „Вапцаров меѓу македонските писатели“, го нашла во оставнината на Перо Коробар, прв директор на првото Државно книгоиздателство на Народна Република Македонија. Најден е во бел плик, веројатно, рече таа, случајно заборавен и од авторот, и од оној што требало да го објави.

Текстот бил потпишан од Конески како претседател на Друштвото на писателите на Македонија и е без датум, но според јазичните особености, пред сè употребата на глаголската форма со наставка -уе, се претпоставува дека е напишан во 1947 година (пет години по стрелањето на Вапцаров во Софија) затоа што, рече Коробар-Белчева, промената на глаголските форми од -уе во –ува било усвоено подоцна, на 6 април 1948, на предлог Правописната комисија на Министерството за просвета.

-Ова е едноставен ракопис кој го доживеав како внатрешна потреба на авторот да се претстави една вистинска возбуда, полна со топли сеќавања за поезијата и за поврзаноста на Вапцаров со родната Македонија… На крајот од ракописот, Конески поентира со зборовите: „Вапцаров со срце ја преживуваше романтиката на македонската национална пробуда, па затоа и тој е меѓу нас, меѓу македонските писатели. Тој создаваше на бугарски јазик, што е сосема разбирливо, но по содржината на својата поезија, тој е посврзан и со македонската литература“, рече Коробар-Белчева.

Шестите Отворени денови на Институтот за македонски јазик годинава се во знакот еден век од раѓањето на Блаже Конески и 95 години од смртта на патронот на Институтот – Крсте Мисирков, како и 30 години од независноста на државата.

Директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, истакна дека македонистиката денес ги има сите предизвици што ги имал и Блаже Конески во 1948 година – борбата за македонскиот јазик.

-Но ние сме во многу подобра позиција зашто Конески и неговите современици му докажаа на светот дека македонскиот јазик има свој историски развој, има свои дијалекти, лексикографски трудови и истражувања, изјави Јованова-Грујовска.

Во изјава за медиумите таа нагласи дека негирањето е од дел од бугарските лингвисти кои тврдат дека не постои македонски јазик, но дека нивната битка е изгубена, бидејќи, како што рече, светската наука и вистината се на наша страна.

-Минатата година беа подготвени четири монографии за да му покажеме на светот за досегашните истражувања. Институтот подготви зборник на трудови „Погледи за македонскиот јазик“ во кој има над 50 странски лингвисти кои го проучуваат македонскиот јазик, рамноправно со сите други словенски и европски јазици. Тоа покажува дека битката што ја водат група бугарски лингвисти е изгубена и дека науката и вистината се на наша страна, додаде Јованова-Грујовска.

Никола Стојановски, прв претседавач на Собранието на независна Македонија во 1991 година, на отворањето на манифестацијата во Институтот истакна дека растел во време кога морало да се зборува на српски и потоа на бугарски јазик, и зашто зборувал македонски бил исклучен од гимназија.

-Затоа, вие сте среќна генерација зашто од раѓање може да зборувате на мајчин јазик… Уште од мојот детски крик говорев и не се срамев да говорам на македонски јазик. Ме радува фактот што во овие 30 години независност тој сè повеќе се изучува на високообразовните институции, а особено на Институтот за македонски јазик, на историски и на современ план. Важен чекор е што тој се изучува и во дијаспората. Нема поголема гордост кога ти го признаваат јазикот, рече 98-годишниот Стојановски.

Шестите Отворени денови на Институтот за македонски јазик ќе траат до 22 октомври и ќе вклучат дводневна (среда и четврток) меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни лингвистички истражувања“, одбележување 25 години од првите „Денови на Благоја Корубин“, заедно со сто години од неговото раѓање, а в петок, под покровителство на претседателот Стево Пендаровски ќе биде посетена спомен-куќата на Конески во Небрегово.

На отворањето на петдневната манифестација беа наведени и проектите меѓу две нејзини изданија, како објавата на електронско издание на Толковниот речник (makedonski.gov.mk) под покровителство на Владата, како и отворањето на Спомен-собата на Мисирков во Институтот. Им беше оддадена почит и на двајца поранешни директори на Институтот за македонски јазик кои починаа меѓу петтото и шестото издание на Отворените денови – Трајко Стаматоски и Снежана Веновска-Антевска.

извор: МИА

Next Post

Герасимовски: Одиме на победа во вториот круг

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk