ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: ФБ измама од лажен профил со име и фотографија од сопругата на претседателот Пендаровски

October 19, 2021 19:54
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Злоупотребата на името и фотографиите на Првата дама е пријавена во Министерството за внатрешни работи во Секторот за компјутерски криминал. Лажниот профил е пријавен во Фејсбук, одговорија од Кабинетот на македонскиот претседател, пишува „Вистиномер“ во новата анализа.

Под името Елизабета Пендаровска и фотографија од сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска, лажен профил на Фејсбук нуди по 5.000 евра за сто случајно избрани корисници.

Добри вести
Денес случајно ќе изберам 100 среќници за да добијат парична помош од 5.000 евра.
Ве молиме внесете го вашето име во колоната за коментари и споделете ја оваа објава,

пишува во постот, кој,во моментот на пишувањето на оваа рецензија, има над 4.000 интеракции (споделувања, допаѓања и коментари). Во коментарите се главно имиња и презимиња и линкови до сопствените ФБ профили на луѓе кои побрзале да остават свои податоци во надеж дека ќе станат добитници на 5.000 евра. Следи нова инструкција од лажниот профил, кој споделува линк и бара да се внесат податоците што се бараат.

Здраво на сите, благодарам за коментарите. Последниот чекор за да добиете подарок од мене е да го регистрирате вашето име овде https://bit.ly/3DLeYkN Ве молиме следете ги сите упатства што ги даваме за да ја завршите регистрацијата.

 

По кликнувњето на линкот следи пренасочување прво кон една страна, во која пишува дека по пет минути од успешната регистрација, ќе ги добиете парите.

Кликнувањето на овој линк веднаш води кон друга интернет страна, која е реклама за комјутерска игра. Овој сајт нуди повеќе информации за играта со испраќање на СМС порака, која чини 59 денари. Секако и таму треба да се внеси телефонскиот број.

Не е тешко да се открие измамата. Фејсбук профилот е регистриран на sandi.octareza, на 15.10.2021 година, а првата објава  е во 21:02 часот. Веќе во 21:13 часот објавува дека ќе подели 5.000 евра за сто насјреќни. За профилот да биде поверодостоен, споделени се неколку последни поста од официјалниот профил на претседателот Стево Пендаровски и неговата посета на Шведска.

Сопругата на претседателот го има задржано своето моминско презиме Ѓорѓиевска и секаде на социјалните мрежи под тоа презиме ги има своит профили. Презимето Пендаровска е искористено за овој лажен профил изгледа како веродостоен. Во него поверувале повеќе од 1.800 коисници во моментот на пишувањето на оваа рецензија, кои ги впишале своите податоци. Некои дури се благодарни на хуманоста и на Бога. Меѓу ретките, кои изразиле соменевања има и такви кои реално процениле дека е лажен профил, отворен пред само неколку часа, дека тешко оти некој ќе подели половина милион евра. Меѓу коментарите, има и таков кој се соменева дека ова е чист предизборен поткуп.

Вистиномер контактираше од Кабинетот на претесдателот Пендаровски.

Злоупотребата на името и фотографиите на Првата дама е пријавена во Министерството за внатрешни работи во Секторот за компјутерски криминал. Лажниот профил е пријавен во Фејсбук, одговорија од Кабинетот на македонскиот претседател.

Елизабета Ѓорѓиевска за ова информираше и на својот Фејсбук профил:

Почитувани пријатели,

„Многумина од вас ми пишаа за лажен профил направен со мое име: https://m.facebook.com/sandi.octareza.

Пријавен е во фб и во МВР, но би ве замолила, за побрза реакција од фб, да има што повеќе пријавувања,

Ви благодарам“, напиша Ѓорѓиевска.

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) има изготвено посебни инструции за пријава до Фејсбук и ви случај на лажен профил.

На Фејсбук не се допуштени профили на лица кои лажно се претставуваат!, предупредува ДЗЛП.

Проектот Критинк има серија написи за будно користење на социјалните мрежи и препознавање на вакви измами. Базична препорака е да не се споделуваат личните податоци, ниту податоци за платежни картички на страни за кои не сте сигурни или вашиот пребарувач ве предупредува со вака содржина:

Повеќе информации можат да се добијат и од прирачникот „Со критичко мислење до разобличување дезинформации“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk