ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЗНМ: Осуда за понижувачкиот однос на кандидатот Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21

October 19, 2021 13:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: ЗНМ

Фото: ЗНМ

Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува јавниот понижувачкиот однос на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево Фатмир Лимани кон новинарката Салије Садику од ТВ21 и бара јавните чинители да внимаваат на нивниот однос посебно кон жените новинарки во државата.

Имено, додека новинарката Салије Садику, известувала за локалните избори во Северна Македонија се соочила со непријатна ситуација проследена со агресивен говор и обвинувања од страна на независниот кандидат од Кичево, Фатмир Лимани кон неа лично и телевизијата ТВ 21. Колешката Садику била присутна на настанот со цел да пренесе на граѓаните информации од изборните циклус и наместо да добие одговор од кандидатот таа била грубо навредувана а потоа и исвиркана од толпата.

Според колешката Садику, стотина симпатизери кои го поддржуваат Лимани кои биле присутни во моментот на инцидентот, ноќта на 17ти октомври, ракоплескале кога се случил настанот. Во нејзината реакција до канцеларијата на ЗНМ, Садику појасни дека: ,,Во неделата екипата на ТВ21 заедно со екипите на ТВ Клан и МТВ бевме во штабот на Лимани во 20:00 часот, од таму шефот на кабинетот Бејтула Емини ни рече дека сеуште не се подготвени, но и ќе ги чекаат резултатите. По неколку часа откако се вратив да земам изјава од кандидатот тој пред присутните стана и со висок тон почна да вика кон мене со зборовите: „Вие сте најлошото нешто што им се случило на граѓаните, вие сте крвопијци. Вие сте виновни што Кичево стигна во оваа ситуација каде се наоѓа. Вие сте со власта и работите еднострано“. Јас се повлеков наназад и во тој момент присутните кои беа повеќе од 100-тина лица започнаа со гласен аплауз и кон мене извикуваа со извици уууууу…” изјави Садику.

Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е подигнување на свеста на кандидатите за градоначалници и сите политички чинители во изборниот циклус кон новинарите бидејќи во овој момент следи и вториот круг од локалните избори во повеќе општини.

Сметаме дека доколку ваквите инциденти се толерираат во иднина има ризик да се охрабрат нови посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување како и правото на информирање на граѓаните.

Next Post

Неважечки 60.773 гласачки ливчиња во првиот изборен круг

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk