ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коалициските партнери на СДСМ со јасна поддршка на владејачкото мнозинство

October 20, 2021 12:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Демократскиот сојуз ги повика своите членови и симпатизери, како и сите граѓани, на 31 октомври 2021 година, да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ.

„Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа, а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните. Демократскиот сојуз како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стои на ставот дека треба да продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред“, информираат од партијата на Павле Трајанов.

Од Демократскиот сојуз на Власите велат дека остануваат во коалицијата зашто препознаваат вредности со кои Македонија продолжува напред кон демократскиот и европскиот пат.

-По последните шпекулации околу стабилноста на Владината коалиција кои се само обиди за замајување на јавноста, Ве известуваме дека нашата коалиција е стабилна, Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. За само неколку години оваа коалиција ја врати државата на прав пат, решавајќи ги децениските прашања. Впрочем народот не заборава како е да се живее во затворена земја и режим, а како во демократија со европска иднина. Оваа Владина коалиција и покрај сите предизвици како однадвор така и од внатре, останува цврста, обединета и сплотена во намерите да работи за напредокот на земјата и тоа и понатаму останува наша највисока цел, велат од ДСВ.

Овој чекор го следеше и Партијата на пензионерите, од каде истакнаа дека во име на постигнатите како започнатите и незавршените реформи, зацртаните реформски приоритети, интеграцијата и европеизација на земјата учеството на Партијата на пензионери во владиното мнозинство не се доведува во прашање.

-Партијата на пензионери работи исклучиво во интерес на граѓаните и пензионерите и нашата работа во целост се совпаѓа со насоката на остварување на највисоката цел на коалицијата – напредокот на земјата на сите полиња, подобрувањето на животниот стандард, просперитетот на помладите генерации и европската интеграција. Ги повикуваме сите наши членови и симпатизери, да ја подржат коалицијата предводена од СДСМ и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ со што ќе дадат свој придонес во просперитетот на земјата, соопштија од Партијата на пензионери.

Шпекулациите околу стабилноста на владиното мнозинство ги толкуваме како манипулација на јавното мислење од страна на неколку портали пред вториот круг локални избори, велат од Демократската партија на Турците која е дел од владејачкото мнозинство.

-Шпекулациите околу стабилноста на владиното мнозинство, ние како партија која успеа да ги постигне поставените цели на локалните избори, ги толкуваме како манипулација на јавното мислење од страна на неколку портали пред вториот круг. Како сериозна партија со 30 годишно искуство ДПТМ за политичкото делување одлуките ги носи на партиските органи по сопствено убедување на нашето членство а во интерес на граѓаните кои ги застапува. Затоа ни еден субјект во оваа држава нема право и нема да дозволиме да шпекулира во и со наше име. Како партија ние сме дел од владејачкото мнозинство кое успеа да ги реши историските пречки на патот кон НАТО и ЕУ на нашата земја. Исто така се залага за квалитетен и еднаков живот на сите кои живеат во оваа земја која е мултиетничка и мултикултурна држава. Како Демократската Партија на Турците потврдуваме дека Владината коалиција е стабилна и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел. Северна Македонија продолжува напред со стабилна Влада по демократскиот и европскиот пат, велат од Демократската партија на Турците.

Next Post

Во Хрватска расте бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk