Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат и обединуваат, потенцира Шилегов, не смее да запре, а изградбата на европско и урбано Скопје мора да продолжи. Од Демократскиот сојуз на Власите велат дека остануваат во коалиција со СДСМ зашто препознаваат вредности со кои Македонија продолжува напред кон демократскиот и европскиот пат. Алармантна состојбата со новозаразени во Хрватска.
ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите, особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за уште еден мандат Петре Шилегов смета дека политичкиот сигнал што го испратила коалицијата ЛДП-ДОМ е дека остануваат во политичкото мнозинство, поради што очекува поддршка од нивните поддржувачи. Побара и силна поддршка од сите граѓани во вториот изборен круг, за, како што рече, Скопје да продолжи да се движи во вистинска насока
Демократскиот сојуз ги повика своите членови и симпатизери, како и сите граѓани, на 31 октомври 2021 година, да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата предводена од СДСМ.
Движењето БЕСА во првиот круг од изборите успеа да ги исполни очекувањата поставени од Изборниот штаб на партијата и нормално во вториот круг како апсолутни фаворити влегуваме во општините Тетово и Желино, велат од партијата. „Воедно сакаме да ја имформираме пошироката јавност дека Владината коалиција е стабилна без разлика дека на многу места во вториот круг се натпреваруваме меѓу себе.
Имаме најголема подготвеност со средна оценка од 3,02 во областите и поглавјата од Кластерот 1 – темели/фундаменти, дури и во однос на земјите кои повеќе години преговараат за членство. Србија со средна оценка од 2,68 и Црна Гора со средна оценка од 2,83. Ова го покажува првичната анализа на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Опозицијата ги блокираше законите што ЕК ги пофали, истакна Маричиќ. Овие извештаи реално ги прикажуваат позитивните и негативните страни, уважени се сите напори за спроведување на Стратегијата за реформи во судството, напорите за завршување на случаите на СЈО, напорите на ДКСК за случаи со висока корупција, измените во Законот за Академијата за судии и обвинители што опозицијата не сакаше да е со европско знаменце и други.
Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на подигнување на нивото и квалитетот на одржување на постојното зеленило и садници и воспоставување нови зелени површини, а клучниот капитален проект е изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4, напиша Весковски на Фејсбук.
ПАНДЕМИЈА
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 се аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани 800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Шеесет и осум ученици од предвидените 69 ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, покажаа резултатите од скринингот кој денеска се спроведе во тоа училиште. Скрининг денеска се спроведе и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.
ФРОНТ
30 години, другарки и другари, главните прашања за тоа каде оди македонската политичка локомотива се: кој колку украл, кој колку грабнал, кој колку ја оштетил државата, кој колку се нафатирал со државен имот, кој колку пари собрал на грбот на граѓаните. У тунелу у сред мрака, со осум или шеснајс крака, Македонија од к*р на к*р скака. И 30 години така, па така… пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.
ЛАЖНИ ВЕСТИ
Постот што се споделува на Фејсбук ја манипулира јавноста дека во Сингапур била направена обдукција на починат пациент од ковид-19 и било констатирано дека не се работи за вирус, туку за бактерија. Станува збор за пост кој се споделуваше и во други држави, а во кој се тврди дека наводно сингапурските лекари откриле интраваскуларна коагулација која се лекува со антибиотици.
РЕГИОН
Во Хрватска во изминатите 24 часа регистрирани се 3.162 новозаболени лица од Ковид-19 и 23 смртни случаи. Последен пат беа регистрирани над 3.000 новоинфицирани во април. Изминатите две недели дневно беа забележани околу 2.000 нови случаи.
М. М.