„Коалицирање со политички партии нема, ќе коалицираме со вредности и со принципи за решенија базирани на квалитетни анализи и ако видиме издржани проекти. Но нема да правиме политички и партиски коалиции!“ – изјавила за Нова ТВ, Јана Белчева Андреевска носителка на листата на независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“
Јана Белчева Андреевска нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општината Центар. Ова бил одговорот на Белчева на прашањето, кое следи после денешниот јавен повик од опозициската партија во кој поимено побараа од Белчева и новоизбраните советници од „Шанса за Центар“, коалициска соработка во Советот на Општината Центар.
– Коалицирање со политички партии нема, ќе коалицираме со вредности и со принципи за решенија базирани на квалитетни анализи и ако видиме издржани проекти. Но нема да правиме политички и партиски коалиции! Советот треба да е место за конструктивна дебата и обединување околу најдобрите решенија, а тежиштето мора да се врати таму каде се носат одлуките – во Советитe, а не во концентрација на моќта во еден човек – изјавила Белчева за Нова ТВ.
„Шанса за Центар“ влегува во Советот на општина Центар со тројца советници.