„Концептот за обединување на ВМРО-ДПМНЕ се состои во сеење страв, закани и поделби на граѓаните. Овие закани и поделби следуваат само на неколку дена по првиот круг“ кажа министерот за правда, Бојан Маричиќ во гостувањето на Алсат М.
Тој цитираше неколку објави од социјалните мрежи во кои се повикува на насилство и затворање на лица од власта, но и на симпатизери или луѓе за кои се смета дека работеле со оваа Влада.
„Пораките што ги праќа нивното членство, но и самите тие преку членството и тензијата која ја создаваат не одговара на благи зборови и помирување. Затоа граѓаните ќе се обединат на 31 октомври, за да го победат стравот, барокот и корупцијата.
Маричиќ додаде дека наследството на ВМРО-ДПМНЕ е криминал и копрупција, додека во Скопје тоа е барок и загадување.
Активисти на ВМРО-ДПМНЕ го претепаа Села, а сега се во коалиција, тоа е чист интерес и борба за власт
Целта е да се уплашат граѓаните, да се поделат преку закани кои уште по првиот круг се упатуваат. Наследството на ВМРО-ДПМНЕ и во Скопје и во другите општини е барок, загадување и корупција. Граѓаните сигурно ќе се обединат околу прогресивната агенда и на 31 октомври ќе ги победат барокот, корупцијата и загадувањето, рече Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија.
Изминатите денови сите сме сведоци на досега невидени повици на пресметка и линч со неистомислениците, кои доаѓаат од членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, дополни тој
Според Секретарот за меѓународна соработка ова е доказ дека е потребно обединување на сите прогресивни граѓани со цел да се обезбеди стабилен развој и напредок.
-Си играат со чувствата на луѓто за да собираат политички поени бидејќи немаат чувство на одговорност кога ја изгубија власта шест месеци држеа тензија во парламентот па предизвикаа крвав инцидент на 27 Април. Нашите активисти не се тепаат, активистите на ВМРО-ДПМНЕ го претепаа Зијадин Села и дел од нив се веќе во затвор, а дел од нив протестираа низ Скопје за нивно ослободување нарекувајќи ги уставоибранители, ако тоа не е демагогија и лицемерие, рече Маричиќ.
Тој посочи дека Милошовски ја направил својата политичка кариера од шатор пред собрание протестирајќи да нема албански паралелки.
-Го паметамм и кога промовираше лаги за тиранска платформа, а од другата страна пак од Алијанса јавно изјавуваа за некакви невести на Груевски и Мијалков непријатно е да се биде во ваква коалиција и тоа не е принцип, тоа е чист интерес и борба за власт, дополни Маричиќ.