ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Не е точно дека името на ДИК е испишано прво на албански, па на македонски јазик

На фотографијата прикажана во постот е претставен само половичен дел од паното позади членовите на Државната изборна комисија. Кога ќе се погледне целосната табла, се гледа дека од левата страна, најнапред на македонски јазик со кирилично писмо е испишано името на државната институција одговорна за спроведување на изборите

October 22, 2021 10:49
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во пост на Фејсбук се прави обид да се предизвика нетрпеливост меѓу граѓаните кои зборуваат различни јазици во земјава, на начин што се манипулира дека таблата со името на државниот орган Државна изборна комисија, е испишан на начин што македонскиот е трет јазик, во колоната, а пред него се албанскиот и влашкиот јазик. Како илустрација за да се ,,докаже” ова тврдење, авторот на постот користи фотографија од телевизиски пренос на прес конференција на ДИК за локалните избори 2021 година, анализира Вистиномер.

Меѓутоа, фотографијата е ,,на половина”, односно на неа е претставен само половичен дел од паното позади членовите на Државната изборна комисија. Кога ќе се погледне целосната табла, се гледа дека од левата страна, најнапред на македонски јазик со кирилично писмо испишано е името на државната институција одговорна за спроведување на изборите.

И на веб-страницата на ДИК евидентно е дека паното со нејзиниот назив е на повеќе јазици од кои прв е македонскиот со кирилично писмо.

Од левата страна е испишано името на македонски јазик, а паралелно од десната страна на албански јазик. Името е така испишано не само на паното позади пултот каде што седат членовите и претседателот за прес-конференции, туку и воопшто во институцијата, како што може да се види од оваа фотографија.

Во Законот за употреба на јазиците во членот 1 е уредено дека во сите органи на државната власт во Република Северна Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

Во членот 7 од овој закон се вели дека називите на институциите и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо, како и на англиски јазик.

Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв.

Во ченот 15, пак, се вели дека на седниците на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии во Скопје и единиците на локална самоуправа во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, при спроведување на изборите во работата и постапките на сите комисии, и други тела и институции подеднакво се користат, употребуваат и применуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо.

Оттука произлегува дека е законски уредено прашањето како ќе се именуваат таблите со називите на институциите во кои спаѓа и Државната изборна комисија, што во случајот е правилно направено согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците. И наспроти лажното тврдење во постот што го рецензираме, на паното во ДИК називот е напишан на повеќе јазици од кои прв е македонскиот со кирилично писмо.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk