ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За Витешкиот медал од Редот „Клоца в газ“

Повоениот изборен дебакл на Черчил би требало да им е поука на сите политичари дека во демократиите, кога гласачите ќе застанат зад параванот за гласање, повеќе се заинтересирани за она што проценуваат дека им ја носи догледната иднина, отколку за славното (или мизерно) минато на кој било од лидерите што ги предводат изборните листи

October 22, 2021 07:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

И од неопходната историска дистанца, сѐ уште звучи шокантен изборниот резултат на британските конзервативци, предводени од Винстон Черчил, на парламентарните избори во јули 1945 година: светски прославениот, ако не и клучниот политичар за поразот на Хитлер во Втората светска војна, со личен рејтинг во јавноста од неверојатни 83%, иако војната на далечно-азискиот фронт траеше до септември 1945, беше поразен на изборите со понижувачки резултат што ретко се случува во еден од најстарите демократски изборни системи – лабуристите, предводени од Клемент Атли, ќе освојат апсолутно мнозинство во парламентот со 146 пратеници повеќе од конзервативците!

Дали Черчил ја бакнал Елизабета в чело – оваа, истата, што денеска има 95 години – на својата последна официјална посета во Бакингемската палата… Кој го искршил и запалил неговиот „државен“ портрет некоја година подоцна… И дали ги пушел или почесто само незапалени во рака ги држел пурите по кои ќе остане вечно запаметен… Сето тоа се легенди за забава за народ.

Но, историската лекција со пост-воениот изборен дебакл на Черчил би требало да им е поука на сите политичари дека во демократиите, кога гласачите ќе застанат зад параванот за гласање, повеќе се заинтересирани за она што проценуваат дека им ја носи догледната иднина, отколку за славното (или мизерно) минато на кој било од лидерите што ги предводат изборните листи.

Ете, Британците беа емотивно истоштени од Втората светска војна и посакаа „Нов почеток“; Македонците се тотално изморени од приказната за европските интеграции и борбата со ковидот, иако не се претераа ни со гласачка верба во ветената „Нова иднина“. Напротив.

Од тие причини Христијан Мицкоски и на овие избори, сукцесивно, петти пат по ред, загуби 35.000 гласови во споредба со претходните. А, од Заев, по серија изборни победи, сега се откажаа цели стотина илјади поранешни гласачи. Разликата е во тоа што Мицкоски, без голема лична и партиска заслуга, се третира за формален победник на изборите, а Заев е фактичкиот губитник кој, и во таква ситуација, прави нешто што ни Мицкоски, а ни многумина пред него никогаш не (би) го направил: ја најавува својата оставка од челото на Владата, доколку коалицијата што тој ја предводи, во вториот круг, не го освои градоначалничкиот мандат во Скопје.

Ретка е и крајно невообичаена оваа стратегија во политиката: да се „заканиш“ со оставка не откако, туку пред да ја добиеш или загубиш крајната изборна трка! Во коцката тоа се вика ол ин, па кому иде! Влогот е крупен, најкрупен, но користи како еден вид ставена изборна хипотека, имотна гаранција за „кредитот“ што се бара од гласачите кога во вториот круг од гласање ќе ја потпишуваат бирачката „меница“ со главниот протагонист од власта.

Се работи за чувство на одговорност која на Заев, општо земено, задоцнето му доаѓа – рака на срце, тој лично отсекогаш инсистирал да го носи тој „крст“ во СДСМ главно врз своите плеќи, на радост и опуштеност на високите кругови од неговата владејачка елита. На пример, неодамна застана зад метеорската политичка кариера на д-р Филипче и кога поголемиот дел од јавноста бараше тоа да не се случи, а неговиот личен избор за партиското раководно окружување е таков што никој во јавноста од тие луѓе и не очекува голема одговорност. А, кога Заев ги бираше, ТОКМУ за вакви моменти зборувавме дека треба да си мисли, оти сега ШТО ќе го советуваат тие? Во клучните партиски тела му седат 90% бизнис-менаџери, со просек на старост околу 30-тина години и фрц-фрц-шик допадлив моден изглед. Подалекувиди лидери не ги креираат составите на такви тела за сликање, кога добро им оди во политиката, за тоа се ангажираат партиски статисти; туку, имено, за да не дојдеш во стани-падни ситуации, а особено кога тоа ќе ти се случи!

Черчил, по објавувањето на изборните резултати, веднаш се упатил во кралската резиденција да му ја предаде својата оставка на Кралот Џорџ VI. А кога Атли стигнал десетина минути подоцна да го прими кралскиот „премиерски благослов“, бил дочекан со непријатна штама. „Победив на изборите“, му рекол Атли на Кралот. „Знам, видов на вестите во шест“, студено му вратил Џорџ VI.

Патем – уште малку од оваа поучна историска приказна – по партиското губење на изборите (на кои тој со леснотија го одбранил своето пратеничко место во Вудфорд, Есекс), разочараниот Черчил паднал во депресија. Џорџ VI му рекол дека има намера да го закити со највисокото државно одличје на Витешкиот медал од „Редот на Гартер“ (што датира од 1348 година!), а Черчил го одбил, велејќи дека штотуку го добил Витешкиот медал од Редот „Клоца в Газ“ од бирачите.

Во политиката активно ќе се врати дури една година подоцна, откако американскиот претседател Хари Труман ќе го покани да го одржи својот прочуен историски говор за „Железната завеса“ на Вестминстер колеџот во Фултон, Мисури. А, Нобеловата награда за литература – парадоксално, не за мир! – ќе ја добие во 1953 година, за неговите неповторливи мемоари за Големата светска војна во чија победа предводеше. (И денеска тагувам по библиотеката што ми изгоре во пожарот на нашиот стан пред некоја година, кога во пепел и чад се претворија и десетината тома од моите Черчилови мемоари…)

Далеку е популарноста денешна на Заев од онаа, некогашната, на Черчил. Се разбира, и други споредби би биле крајно неумесни.

Денеска, никој од премиерот Заев не очекува Нобелова награда за литература (откако него и Ципрас, неправедно, ги превидоа за Наградата за мир за Преспанскиот договор – sic!), но голема работа го очекува по овие избори, дури и без разлика на тоа дали Шилегов ќе стане или нема да стане градоначалник на Скопје. Ѝ го должи тој тоа не на партијата, туку на нацијата, по сите испорачани и, уште повеќе, неиспорачани ветувања по падот на Груевски од власт. За таа негова понудена гласачка „меница“ денеска разговараме.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk