Денеска (23.10.2021 – Сабота) во 20.00 часот под мотото „Скопје се обединува и продолжува напред!“ коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ ќе одржи голем собир со граѓаните на Скопје во спортската сала Борис Трајковски.
Говорници на трибината ќе бидат атлетичарката Дрита Ислами, музичарот Мирко Попов, актерот Дениз Абдула, кандидат за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов и претседателот на СДСМ Зоран Заев.