ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: Се обединуваме за да продолжи развојот на Ресен, за парите да продолжат да се враќаат кон граѓаните и земјоделците

October 23, 2021 15:42
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„На речиси една недела од вториот круг, одовде од Ресен, бисерот на Преспа испраќаме порака на обединување. Обединување на сите етнички заедници, но и на сите социјални категогрии, затоа што развојот на општина Ресен е во интерес на сите граѓани.“, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој истакна дека ова се важни локални избори затоа што од исходот ќе зависи иднината на Ресен и на останатите општини, од исходот ќе зависи дали парите од Буџетот ќе одат во општините и граѓаните или во споменици, бикови, палми и жални врби.

„Во овие четири години постигнавме сериозни успеси во делот на економијата, при тоа соочувајќи се со последиците од пандемијата на коронавирсуот.

Сите плати се во просек зголемени за над 6.000 денари или за најмалку 100 евра. Невработеноста е на историски најниски 15.9 отсто , за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош, зголемени се субвенциите за земјоделците, преку проектот Мој ДДВ преку 36 милиони евра вративме кај над 400.000 граѓани за само две години.

Што се однесува до земјоделците, до овоштарите и јаболкарите, кои се најзастапени овде, за 20 отсто ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари по килограм.

Субвенцијата за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а дополнително, кај оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката порасна од 39.600 на 50.000 денари по хектар.

За овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности во области над 700 метри надморска височина, како што е овој регион субвенциите се зголемени за дополнителни 15%, односно поддршката изнесува 57.500 денари по хектар.

Вложувавме и во локалниот развој. Со 50 милиони евра ги раздолживме општините, а потоа вложивме 500 милиони евра во реализација на над 7.000 локални проекти.

Сето тоа зборува за нашата посветеност да вложуваме во луѓето да вложуваме во локалниот развој.

И овие успешни политики мора да продолжат. А ќе продолжат само ако сме сплотени, само ако сме обединети околу идниот развој на Ресен и на државата.

Затоа, ги повикувам сите граѓани, да се обединиме и на 31 октомври да гласаме да продолжи грижата за граѓаните, да продолжи помошта кон земјоделците, да продолжат да растат платите, а парите да се враќаат назад кај граѓаните.

Да гласаме да продолжи развојот на Ресен, да гласаме за број 12 и Живко Гошаревски”, изјави Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk