ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК извештај: Здравството се соочува со загуби на медицински кадар, особено на специјалисти

October 25, 2021 07:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската комисија во неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата.

Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен.

– И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема, наведува ЕК.

Во однос на рефундирањето на средствата што се плаќаат за здравствени услуги, од ЕК оценуваат дека пациентите плаќаат приближно една третина од сите здравствени услуги без да бидат рефундирани, со што се зголемуваат социјалните разлики.

Во делот каде ЕК се осврнува на пандемијата од Ковид-19 се наведува дека во текот на третиот бран беа поплнети 90 проценти од болничките кревети во јавниот здравствен систем. За вакцинацијата, се посочува, дека до почетокот на октомври годинава целосно се вакцинирани околу 35 проценти од населението, како и дека националниот план предвидува до крајот на годинава да бидат имунизирани 60 отсто од населението.

 

– Вакцинацијата започна во февруари 2021 година, а согласно националниот план до крајот на 2021 година 60 проценти од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот. Околу 35 проценти од населението е целосно вакцинирано до почетокот на октомври 2021 година. се вели во Извештајот.

Еврокомисијата додава дека Северна Македонија позитивно одговорила на механизмите за поддршка на ЕУ, од кои некои првично биле резервирани за земјите членки на Унијата за решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19.

– (Земјата) стана членка на Договор за заедничка набавка за медицински средства, како и набудувач во Комитетот за здравствена безбедност на ЕУ, кој обезбедува пристап до Системот за рано предупредување и одговор на ЕУ. Северна Македонија, исто така, ги обезбедува информациите до системот за собирање податоци на Комисијата за Ковид-19 и назначи претставник во Европскиот центар за контрола и превенција на болести, се вели во Извештајот.

Во делот посветен на болестите, Еврокомисијата констатира дека нивото на финансирање за скрининг на рак е недоволно, а податоците од националните и регионалните регистри за рак не се јавно достапни. Националната програма за рано откривање на рак допрва треба да се имплементира, велат од Европската комисија.

– Потребни се соодветни финансии и понатамошна посветеност со цел да се усогласат националните правила со правото на ЕУ, се нагласува во Извештајот.

За преносливите болести, Европската комисија оценува дека земјава е делумно усогласена со правото на Европската Унија и препорачува усвојување на нова повеќегодишна стратегија за борбата против ХИВ од страна на Владата./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Билјана Арсовска

Религијата на просечните

НАЈНОВО

Приказната за телескопите

Приказната за телескопите: Поглед кон вселената – од Галилео до Џејм Веб и Роман

October 18, 2025

Приведен жител на Ваташа поради уништување плакати на политичка партија

October 18, 2025

ДИК: Започна гласањето за болни, затвореници и лица во установи за вонсемејна грижа

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk