Сите се запознаени со трагичната приказна за Ромео и Јулија, но што е со онаа на Али и Нино, осудените љубовници кои ја инспирираа колосалната автоматска статуа именувана по нив, која стои покрај морскиот брег на Батуми, Грузија? Ова уметничко дело е базирано врз трагична љубовна приказна за двајца вљубени кои ги разделила религијата.
Приказната е првпат раскажана во австрискиот роман од 1937 година. Приказната за Али и Нино, е позната приказна за љубовниците кои завршуваат во трагични околности што ги раздвојуваат. Во првата светска војна, Али, азербејџански муслиман, се вљубува во грузиската принцеза Нино, но за жал, откако конечно мислат дека се лошо завршило и можат да бидат заедно, Али е убиен во војна. Насловот станал книжевна класика во таа област и се смета за национален роман на Азербејџан.
Огромното метално уметничко дело, познато и како „Статуата на љубовта“, се состои од две малку проѕирни фигури направени од наредени сегменти. Секој ден во 19 часот, двете фигури се лизгаат една кон друга, на крајот се спојуваат додека нивните сегменти минуваат еден меѓу друг, но никогаш вистински не се поврзуваат, што ја симболизира трагичната љубовна приказна за Али и Нино.
Целата автоматизирана изведба трае околу десет минути и често е осветлена со светли, променливи бои кои им даваат на фигурите уште поголем живот.
подготви: Миткоска Марија