Општина Центар ќе биде отворена општина за сите граѓани и тоа ќе се почувствува уште во првите 100 дена од мандатот, најави Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата.
Тој изјави дека локалнатана власт е најблиска власт до граѓаните и општината мора да функционира како место на кое граѓаните се чувствуваат добредојдени, каде ќе добијат навремена услуга и каде ќе може секогаш да бидат примени и ислушани.
„Затоа, јас како иден градоначалник секојдневно ќе одвојувам по еден час само за директни средби со граѓаните, покрај отворените денови кои остануваат редовна пракса. Преку оваа редовна комуникација директно со граѓаните, ќе бидам сигурен дека сум во тек со сите проблеми и размилувања, а тие дека секогаш имаат отворена врата кај мене да дојдат и да поразговараат. На овој начин ќе инсистирам да работат и советниците од нашата советничката група како и службите во општината. Само вака може да ја вратиме довербата во институциите која е нарушена“, изјави Герасимовски.
Покрај директните средби во општината Герасимовски најави и воведување на онлајн апликација за учество на граѓаните во работата на локалната самоуправа и дигитализација на услугите. Преку неа граѓаните ќе може да даваат предлози, гласаат за идеи и проекти, да се информираат за сите нови одлуки, да добиваат нотификации за теми кои тие ќе ги одберат од свој интерес. Исто така граѓаните ќе може да аплицираат за документи, да поднесуваат жалби. Преку тој систем спред Герасимовски граѓаните би имале увид во процесот на реализација на нивните иницијативи, предлози или предлог решенија за проблемите и за истите ќе добиваат одговор од службите во рок од 10 дена.
„Навременото реагирање носи двоен бенефит затоа и ви ветувам дека општина Центар ќе ја градиме заедно според нашите потреби и интереси. Во иднина ќе ве вклучам и во јавните анкети или референдуми за помалите или поголемите проекти и притоа очекувам силна критика или поддршка за она што ќе го работиме бидејќи само така може да напредуваме“, им порача Герасимовски на граѓаните.
Тој вели дели со редовна и ефикасна комуникација меѓу не само што во иднина ќе се создаде систем за брза реакција на проблемите во општината за долгорочно планирање и развој туку општина Центар ќе бидеме пример кој сите ќе сакаат го следат.