Темата со бугарските државјанства на функционери и високи политичари повторна стана актуелна, откако беше обелоденето дека и кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска поседува бугарски пасош.
Од СДСМ обвинија дека Арсовска, покрај фактот дека е почесен конзул на Унгарија во земјава, поседува и бугарски пасош па го наметнаа прашањето за чии интереси таа работи.
Полемиката за тоа колку лицата со двојно државјанство ќе и бидат лојални на земјата кога ќе стапат на функција, се покренаа при измените на Законот за надворешни работи, со кои не се забрануваше бипатридите да седнат во амбасадорските фотелји. Сепак, од страна на МНР измените беа експресно повлечени, а најгласни за темата беа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде дополнително предложија измени во Законот за пратеници, со кои побараа народните избраници да не поседуваат втор пасош. Ваквите измени ги прифати и СДСМ, но наидоа на отпор кај актуелниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, односно партијата на Зијадин Села, од каде нагласија дека ќе ги блокираат измените со илјадници амандмани.
Д. Е.