ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Внимание: ајкули во Вардар!

October 27, 2021 09:27
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Целата оваа драма околу евентуалното менување на мнозинството на едната или на другата страна во распоредот на седењата во клупите на опозицијата и на власта во Собранието е, на директен начин, девалвирање на принципите на доброто владеење и злоупотреба на изборната доверба на гласачите за најприземни партиски пазарења и кандидатски надигрувања. Десетина дена наназад, секој ден, од утро до вечер, кој како од партиските лидерства ќе излезе пред некои камери, се лицитира со „најново“ мнозинство во Парламентот, како политичката арена да е сточен пазар, а гласачите мулиња на препродажба.

Ајде малку (повторно!) туѓи изборни искуства…

Кога во 1916 година се забележаа неколку смртоносни напади на ајкули во Заливот Џерси, Вудро Вилсон ги загуби претседателските избори во (неговиот) Њу Џерси, како резултат на стравот на населението по крајбрежните градови дека им следува силен удар врз главната стопанска дејност, туризмот – без разлика што Вилсон немал никаква одговорност за тоа кого сакаат да грицнат ајкулите за ужинка.

Во една школа на политичката теорија и овој пример се наведува како илустрација за тоа како гласаат бирачите на избори: мнозинството од нив немаат кохерентни ставови за случувањата во политиката, дури и малку обрнуваат внимание за тоа секојдневие (го знаете она, генералното одмавнување со рака: „Сите се исти!“, па продолжуваат со консумација на турските серии), а кога гласаат, тоа често го прават од контрадикторни причини, без врска со рационалниот избор во изборните понуди. И политичарите и политичките аналитичари (јас!) би сакале тоа да е поинаку, бидејќи се трошат тони хартија, стотици телевизиски часови и илјадници бајти дигитален простор рационално да се образложат и анализираат изборните понуди и поединечниот квалитет на кандидатите. Дури да се предвидат и изборните резултати.

И потоа ќе допливаат ајкулите и: гриц, гриц, гриц…

Затоа нашите партии си применуваат друг, проверен корективен „метод“ во политичкото оперирање со општеството, промовирајќи ги партиите како силна гаранција за посигурен општествен статус, врзувајќи ја поединечната судбина на граѓанството со изборната успешност на самите партии. Како што е познато, тоа се нарекува „партизација“ (или „негативна“ политизација) на локалната и државната администрација, а и на целата општествена атмосфера, од Гинекологија до Гробишта Бутел. (Ова е кратката верзија и на годинешните критики во Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија.)

Меѓу другото, од таму се и возбудите со најавата за промена на политичкото мнозинство во Собранието, бидејќи партиите сакаат да им испорачаат јасни закани и нејасни ветувања на гласачите дека, изгубат ли град или село на локалните избори, ојде/дојде социјалниот статус на илјадници гласачи кои своето „ухлебие“ го обезбедуваат преку партиските канали на власта (а и опозицијата). Тоа се ултимативните притисоци за „цедење“ на секој поединечен глас што останал на „сточниот пазар“ на изборната мапа во државата.

Но, смислата на политиката не се само изборите, туку уште повеќе она што се случува во периодот меѓу нив. Затоа во одлежаните демократии вонредните избори се ретка појава и во исклучителни политички или персонални ситуации – кај Американците (додуша, во претседателски, не во парламентарен систем) дури ни смртта или оставката на „седечкиот“ претседател не се смета за доволна причина за вонредно одење на гласање, без разлика кој го држи променливото мнозинство во двата дома на Конгресот.

Кај нас на некакви избори се оди, буквално, секоја година, па во таква перманентна политичка нестабилност, спасот се бара во членство во партија, бидејќи тоа делува (а и функционира!) како попримамлива „институционална“ форма на предвидливост, споредена со неизвесноста на општо-државниот ролокостер. Денеска се формира една коалиција на власт, со претпоставени подолгорочни вредности околу кои се согласиле партиципиентите во власта, која веќе утре не важи, бидејќи некој не станал (или станал) градоначалник во општина.

Добро, и тоа е демократија. Само што општото ниво ѝ е ниско, бидејќи националните приоритети и стратегии за развој ги сведува на квадратурата на некој паркинг што треба партиски да се завладее.

Еден од „лековите“ за оваа „испартизирана“ демократска аномалија е поголема излезност на изборите, бидејќи така се „балансира“ силата на строго партиското гласање со хаотичноста на општиот гласачки избор.

Ние немаме море, ама во матнава бара пливаат партиско-политички ајкули колку сакате! Гриц, гриц, гриц…

 


Преземано од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Што им кажа Слот на играчите на Ливерпул – како да продолжат по смртта на Жота?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk