Денеска на градскиот плоштад во Куманово прес конференција одржа претседателот на СДСМ и актуелен пратеник Мартин Костовски, по повод вториот круг од локалните избори. На прес конференцијата тој истакна:
“Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Социјалдемократскиот сојуз како општинска организација во Куманово датира од 1991 година. Триесет години борба за градот, борба за просперитет, борба за вистински вредности.
Социјалдемократите не се претставуваат лажно, туку напротив тука сме, меѓу своите граѓани, кои дури и кога е најтешко, стоиме на браникот на вистината. Ние граѓаните не ги делиме по ниту една основа, ниту ги манипулириме со ширење лаги и невистини како што некој сака тоа да го претстави во јавноста. Транспарентно и отчетно ги примаме сите ваши пофалби и критики.
Самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски за првиот круг јавно кажа дека од партијата не добил никаква поддршка дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржувале Максим Димитриевски. За вториот круг Димитриевски доби и јавна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на која срдечно се заблагодари и истата ја потврди.
Низ Куманово со денови се зборува дека Димитриевски веќе го поделил и колачот со ВМРО-ДПМНЕ ветувајќи им вработувања, директорски места и раководни позиции во општината во училиштата во јавните претпријатија, ако тој победи. Дури и оние кои до вчера имаа некои дилеми, денес им е веќе разјаснето. Работата е кристално јасна – Максим Димитриевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, глас за Димитриевски е глас за ВМРО-ДПМНЕ.
Програмата Димитриевски ја нарече лист хартија, листа на желби, а стави вредност на меморандумот со 30 % вработување за Алијанса за Албанците и Алтернатива.
СДСМ Куманово нема да дозволи нелегални договори со локални поедници со кои се пресметуваат гласовите на граѓаните и со кои предизборно се делат работни места и функции. Секој таков договор ќе биде доставен како доказ во Државната комисија за спречувње на корупција и другите надлежни органи.
На овие локални избори ги посетуваме сите граѓани, сите населби, сите урбани заедници. Зборуваме за европска иднина, за проекти, за прогресот, за обединувањето. Чекориме храбро за оддржување на трите највредни столба економијата, социјалата и животната средина.
Драги кумановци, Како дел од основачите, поранешни и сегашни членови на раководството на општинската организација, луѓе кои оставиле трага во Куманово, даваме јасна и недвосмислена поддршка и ве повикуваме, сите заедно во недела, на 31- ви октомври да го дадеме гласот за број 12, за Оливер Илиевски и Најдоброто за нашата општина. Упатуваме порака до „лажниот социјалдемократ“ и тие како него дека во Куманово ЛИЦЕМЕРИЕТО НЕ ПОМИНУВА!
НЕМА ДА ГО ПРОДАДЕТЕ СДСМ ЗА СМЕТКА НА ВМРО-ДПМНЕ!
Нема да дозволиме „влечење за уши на денот на изборите“
НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИМЕ РЕЖИМОТ ВО КУМАНОВО.
Ќе се бориме за овој град, за дома, за нашите семејства, за нашите соседи, за сите кумановци. Ќе се бориме во недела да покажеме дека социјалдемократијата е света и дека со неа нема калкулирање!” – истакна Костовски.