ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зелениот инвестициски фонд ќе поттикне 750 милиони евра инвестиции и ќе креира 15.000 работни места

October 28, 2021 14:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Стратешкиот зелен инвестициски фонд на ТИРЗ, кој е само еден сегмент од Планот за забрзан економски раст, се очекува да поттикне инвестиции во износ од околу 750 милиони евра и да се креираат нови 15 илјади работни места.

Фондот нема да генерира дополнителен јавен долг. Креиран е така што за едно вложено евро јавни пари треба да се поттикнат инвестиции во износ од 10 евра. Наменет е за поттикнување на инвестиции со главен фокус на зелената економија односно вложувања во зелени објекти, зелени технологии и зелена инфраструктура. Дополнително, во рамки на Зелениот инвестициски стратешки фонд, има и посебна програма која треба да ги поттикне домашните големи и средни компании да ги зајакнат своите технолошки капацитети за да можат поефикасно да се вклучат во глобалните синџири.

Во Зелениот инвестициски фонд ќе има околу 70 милиони евра јавни пари, како и пари од институционални инвеститори и од ЕТФ фондови. Учеството на Зелениот инвестициски фонд во проектот на приватниот инвеститор нема да биде поголемо од 40 проценти.

Ваквата поставеност на финансирање на проектот и учеството на државата и институционалните инвеститори, според директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, обезбедува сигурност кај банките дека проектот на приватниот инвеститор ќе се реализира, а од друга страна, со самото вклучување на ЕТФ фондовите, се обезбедува и експертиза со што веројатноста за реализација на проектот е поголема, а ризиците на деловната банка да ги одобри потребните средства, се минимални.

Деспотовски смета дека нема да биде проблем да се обезбедат средства од институционалните инвеститори и од ЕТФ фондовите, а веќе е разговарано и со деловните банки кои, како што рече, пројавиле интерес за ваквиот начин на финансирање.

– Дека не станува збор за нешто што само го замислуваме, ќе напоменам дека две големи инвестициски структури се во поодмината фаза на подготовка и наскоро ќе почнат да се реализираат. Подготвуваме во завршна фаза физибилити студија за инсталирање на фотоволтаични централи во ТИРЗ и креирање на една посебна еколошка индустриска развојна зона, истакна Деспотовски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими.

Концептот на Зелениот инвестициски фонд е работен во соработка со Светска банка во изминатите повеќе од девет месеци.

И министерот Бесими уверува дека Планот за забрзан економски раст, во чии рамки е планиран Стратешкиот зелен инвестициски фонд, нема да генерира нови задолжувања, туку ќе овозможи фискална консолидација и забрзан економски раст со инвестиции во вкупен износ од 12 милијарди евра до 2026 година.

– Целта е да се одржи фискалната консолидација. На среден рок се планира да се држи јавниот долг на ниво од 60 проценти, а дефицитот на 3 проценти, а во последните две години од Планот, дефицитот да биде под три проценти и јавниот долг под 60 проценти од БДП, рече Бесими, додавајќи дека во следниот период фокусот ќе биде ставен на забрзување на растот и на трасформацијата на економијата кон зелена и дигитална економија.

Покрај Стратешкиот зелен инвестициски фонд, предвидени се и други нови механизми во Планот за забрзан економски план како што се развојните, проектните и зелените обврзници кои ќе бидат директно наменети за проекти кои значат капитални инвестиции.

Со Планот за забрзан економски раст предвидени се четири милијарди евра јавни инвестиции и дополнително осум милијарди евра инвестиции од приватниот сектоер со што вкупно ќе се генеираат 12 милијарди евра инвестиции во следните пет години до 2026 година. Очекувањата се економскиот раст од 2,5 проценти да порасне на пет проценти просечно годишно до 2026 година. /МИА/.

Next Post

Димитров: За ЕУ е многу поскапо да го игнорираат Балканот отколку сериозно да се ангажираат и да ни помогнат да го направиме европски

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk