пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Тие го фатија делот од македонството кое функционира како играчка на навивање. Со клуч. Многу попримитивна од модерните примачи на сигнали од џојстици. Ако го пуштиш во кој било правец, македонството се движи до искористување на напнатоста на пружината или до ѕидот во кој ќе удри.
Нема никаква природна или вештачка интелигенција која би го оспособила за самостојни решенија.
Да ја препознава маршрутата и опасностите на патот.
И целта.
Тој сегмент на македонството е колатерална последица на историските околности, а не на сопствената визија и на сопственото создавање на историја и на историски околности.
Резултат е на своите порази.
На сопственото ништо односно на себе како ништо.
Во смисла на минимум субјективност.
Ако тој што преку телевизиските програми и социјалните мрежи го навил, отиде да сере, пред македонството да дојде до ѕидот, катастрофата е неизбежна, ако пак на факторот што се вика вмро-дпмне не му се сере туку само јаде говна, катастрофата ќе биде уште поголема.
Општиот капацитет на пружината го обезбедува јазикот.
Го гарантира.
Вмро го беше навил македонството и го беше пуштил кон бездната. Сеедно му беше дали бездната се вика Груевски, Георгиевски, Данела, Котлар или Мицковски.
Или скотот по име Флик.
Хер Флик, агент 000.
СДСМ сега гледа да ја крене колата и да ја сврти во правецот во кој нема да се счука со своето постоење. Макар што има мислења дека и тие го навивале моторчето во правецот на катастрофата.
Така мислат социјалдемократите.
Не сите, се разбира.
Има тука крила и крила.
Сите ранети.
Во смисла повредени.
Има толку многу можности да се води продуктивна политика против власта, но таа се води во согласност со простиот и простачки, бинарен систем на јазикот кој во пресметката меѓу злото и доброто не познава и не признава никакви нијанси. Ниту минимални интерполации. Како форсираност во која што мнозинството кое зборува на македонски јазик не може да сфати кој е кој и што е што.
И кај плови овој брод.
Сосе нив, се разбира.
Шилегов го упропастил Скопје!
Па, како е можно ова тврдење?
Уште повеќе неговата „проѓа“ кај гласачите.
Едно навистина евидентно и големо поместување на градот од стиропорната фаза на вмро, кон модерноста, уреденоста, убавоста.
Тоа е исто како некој да тврди дека Хирошима по обновата некој јапонски Ши Легов, ја упропастил повеќе отколку Енолата.
Заев бил арогантен.
Па, како може да се каже вакво нешто?
Па тоа е како да тврдите дека Кикифрики е нормален.
Или дека Парис Хилтон е невина.
Хахаха.
Дека Македонија е обезличена, силувана и предадена.
Тоа е како за Фиренца на Микеланџело да тврдите дека е пострашна од Алепо пет века потоа.
Не, не сакам да кажам дека Заев е Микеланџело, само сакам да ја нагласам разликата меѓу претставата врз основа на која се одлучува и стварноста.
Македонија била на најдолно дереџе.
На дереџе.
Еј.
Јебо вас некој на тоа тереџе.
Па тоа е како за Мидлтон или Камила да тврдите дека паднале на нивото на курви.
На такво дереџе.
Наспроти тоа нема ништо за партијата чии политбироа се в затвор, во притвор, во егзил, на суд или пред суд.
Комплетните раководства, минус еден, два или три човека за кои не се комплетирани досиејата.
Комплетна злосторничка инсталација.
За партијата што ја силуваше Македонија и ѝ остави трајни лузни на лицето.
Ја декапацитира и десубјективизира.
Ја изнегира и карикатуризира.
Ја осмеши.
Оспрдачи.
Мевот и го пресече и утробата и ја извади.
Документирани злосторства.
И сега, затоа што не ви се допаѓа куварот, вие сакате да го потонете целиот брод. Тоа што лошо пеела пејачката на бродскиот оркестар ви е доволен мотив да го кренете бродот во воздух?
Океј.
Вие сте автотерористи.
Никогаш немојте да заборавите, како што и ние нема да заборавиме, кој и зошто го потопил бродот.
Дали е ова закана.
Да.
А вие што мислевте?
Текстот е личен став на Авторот.