ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Се што не е ВМРО-ДПМНЕ ќе се тепа, обезбедени пари за поткуп од ВМРО-ДПМНЕ, покривот на ГТЦ ќе биде извор на струја

October 29, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Позитивната кампања ги поттикнува граѓаните да гласаат, а негативната ги одвраќа и остава дома. Шилегов со видеопорака повика скопјани да го изберат најдоброто за Скопје. Нова колумна на Беса Арифи. Интересна комуникација за поткуп на Екс-градоначалник на Македонска Каменица и актуелен кандидат од ВМРО-ДПМНЕ. 

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ И ЕКОНОМИЈА

Негативната кампања ги одвраќа луѓето и ги остава дома. Многу жалам што после првиот круг се појави многу омраза, закани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претење за губење на работни места и чистки по институциите. Од тоа ќе го видат резултатот во вториот круг, иако тоа го прават доминантно во општините каде победија во првиот круг, рече Заев.

Иницијативата „Отворен Балкан“ е еден од начините на кој Србија и Северна Македонија ќе ги зајакнат долгогодишните и традиционално добри билатерални односи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за белградска „Политика“. Заев оценува дека лидерите на двете земји се водат од принципот дека подобрувањето и надградувањето на меѓусебните односи е нивна обврска, која „како непроценливо богатство ќе им биде пренесена на сегашните и идните генерации“.

Можно ли е Дан(и)ела да му е подметнатa кукавички на Мицкоски од бугарските служби?
Има многу индиции за тоа, пишува Ѓорѓи Спасов на Фејсбук.

Маските паднаа, а не мнозинството во Советот на Град Скопје, смета кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, по вчерашната објава на опозицискиот блок дека советниците на Левица, Алијанса и Алтернатива се приклучиле на оние од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Партијата за движење на Турците упати јавна поддршка за Христо Кондовски, кандидат за градоначалник на Општина Битола од СДСМ и коалициските партнери. Од партијата соопштија дека на средбата со кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски ја искажале поддршката за вториот круг од локалните избори.

Актуелниот и иден градоначалник Шилегов со видеопорака се обрати на граѓаните на Скопје, масовно да излезат на гласање во недела, на 31 октомври.

Систем за производство на електрична енергија од Сонце на покривот на Градскиот трговски центар ќе градат АД ЕСМ и АД ГТЦ. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор, кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот, соопшти АД ЕСМ.

СКАНДАЛИ

На социјалната мрежа Твитер, на профилот Дан(и)ела за Петрич @DanIelaKmetica, објавена е Вибер комуникација, која наводно се одвива помеѓу поранешниот градоначалник на Македонска Каменица, Дарко Митевски и сегашниот кандидат за градоначалник,  Димчо Атанасовски -Џими, двајцата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според објавата, тие договараат поткуп на гласачи. 

ПАНДЕМИЈА

Во период од 06.08 до 28.10.2021 на територија на државата 45.621 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 27% биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 33.246, граѓани, односно 73% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано EU сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk треба преку веб порталот да генерираат нов. Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење на лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.

ФРОНТ

Слободата прави човекот да биде човек а не роб. Слободата му дава значење на животот. Да се биде слободен значи да можеш сам да одлучуваш за својата судбина, да изразиш своја мисла и да не бидеш прогонет за тоа. Да бидеш слободен значи да бидеш одговорен за своите дејствија. Слободата е најдрагоцената вредност, бидејќи без слобода животот е залуден… Пишува Беса Арифи

М. М.

 

Next Post

Нови 417 ковид-случаи, 329 оздравени во изминатото деноноќие

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk