Точно на полноќ, меѓу петок и сабота, односно меѓу 29 и 30 октомври, настапи изборниот молк. Молкот трае до 19 часот, на денот кога се гласа во вториот круг од локалните избори (недела, 31 октомври). Тоа подразбира дека ширење на пропаганда, партиско агитирање, поткуп на гласачи, водење кампања и други прекршувања на Изборниот законик се строго забранети, објави ЦИВИЛ, организација што го набљудува изборниот процес.
За време на изборниот молк се известува за изборите и текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување.
Според Изборниот законик, член 76-Б, за прекршување на изборниот молк се смета емитување на какви било информации, фотографии, аудио и визуелни материјали поврзани со сите што учествуваат во изборите.
Понатаму, кршење на изборниот молк се и сите облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите
Не е дозволено изнесување податоци со кои се открива идентитетот на политичките субјекти или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.
Повеќе на следниот ЛИНК.