Групно и семејно гласање, на четворица гласачи им беше дозволено да гласаат зад еден параван во исто време, на ИМ 2919/1во ОУ „Пeтар Здравковски – Пенко“, Бутел.
Зад еден гласачки параван е дозволено да има еден гласач, освен во случај кога на гласачот му е потребна помош. Лицата со физички недостаток и неписмените, според Изборниот законик, имаат право со себе да повикаат лице што ќе им помогне при гласањето.
Семејно и групно гласање и гласање во име на друг е забрането.
Нарушувањето на тајноста на гласањето е кривично дело во Република Северна Македонија. Со Уставот се гарантира правото на тајност на гласачите. Забрането е семејно и групно гласање и гласање во име на друг. Членовите на избирачките одбори се должни да ги спречат евентуалните обиди за нарушување на тајноста на гласањето. Семејното и групното гласање и гласањето во име на друг значат кршење на избирачкото право, претставуваат основа за нарушување на тајноста на гласањето и може да доведат до поништување на изборите.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ