ДИК на втората прес конференција соопшти дека излезноста до 11 часот 14,18 отсто, односно 160.035 гласачи. Највисока излезност има повторно во Ранковце каде своето право на глас го искористиле 38,2 отсто од гласачите. Потоа следуваат Вевчани со 31,24, Демир Капија 30,14, Пехчево 28,44, Конче 26,74, Демир Хисар 25,19, Кратово 25,12, Пробиштип 24,75, Лозово 23,51, Чашка 22,73 проценти, Зелениково 21,55.
-Гласањето се одвива нормално, освен мали технички проблеми на неколку избирачки места кои се надминати“, истакна на втората прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Во вториот круг градоначалници се избираат на 2481 избирачко место во 44 општини и во градот Скопје, каде што не беа избрани градоначалници во првиот круг. Право на глас во овие општини во град Скопје имаат вкупно 1.353.990 граѓани.
Одѕивот до 11 часот во првиот круг беше 10,22 отсто. Највисок одѕив до 11 часот во првиот круг имаше во Новаци 25, 84 отсто, а најнизок во Врапчиште каде до 11 часот на гласање беа излезени 4,92 отсто од запишаните гласачи.
Поголем одѕив во вториот круг беше регистриран и при првиот пресек, во 9 часот кога на гласање беа излезени 5,25 отсто од запишаните гласачи.