Физички инцидент
Теарце, ОУ Исмаил Ќемали, с. Нераште, ИМ ‘2029/1, Инцидент – гласач не бил пронајден на УБИГ, се вознемирил и агресивно се нафрлил врз член на ИО. Речиси дошло до физичка пресметка. На крајот гласал со ставање рачен отпечаток од прст во графата предвидена за тоа во избирачкиот список.
Притисоци врз набљудувачи на ЦИВИЛ
Чешиново-Облешево, с. Уларци, ИМ ‘0884, Набљудувачот од ЦИВИЛ бил следен со автомобил, немал каде да пријави бидејќи немало полиција никаде, ниту кај избирачкото место
Куманово, ЈП Водовод – голема сала, ИМ 1016, На набљудувачот од Цивил, барани му се дополнителни документи за легитимација и е попречуван во набљудувањето – не му е дозволен пристап до ИМ, а како причина е наведен малиот физички простор и ковид протоколите.
Агитација, организирано носење на гласачи, закани до гласачи
Лозово, ОУ – с. Дорфулија, ИМ 1708, Градоначалникот на Св.Николе , воедно партиски набљудувач, излегува надвор од избирачкото место и агитира на избирачите.
Тетово, с. Теарце ООУ „Кирил Пеjчиновиќ“ Тетово, ИМ 2010,2011,2012,2013 и 2014, Во непосредна близина на избирачкото место има плакати залепени од политичка партија.
Неовластено присуство на избирачко место
Радовиш, ОУ – с. Сулдурци, ИМ 1593, Гласач кој не бил заведен како гласач на тоа ИМ бил отстранет од страна на ИО, а тој продолжува постојано да се движи околу ИМ.
Нарушување на тајност на гласањето
Ранковце, ОУ – с. Ранковце, ИМ ‘0987 Фотографирање на гласачко ливче од страна на гласач.
Аеродром, Оу „Гоце Делчев“ Горно Лисиче, ИМ ‘0725, Имињата на гласачите се изговараат на глас
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0046 читање на гласачите на глас;
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0048 читање на глас имиња на гласачите;
Аеродром, ОУ Љубен Лапе, ИМ 2755, член на ИО на глас чита матични броеви на гласачи,
Куманово, Гимназија Гоце Делчев (главен влез), ИМ 1074, Компјутер со камера е свртен директно кон влезната врата и гледа во ИО, во набљудувачите и во гласачите кои влегуваат во ИМ. Не може да се забележи дали камерата е вклучена или не.
Куманово, Школска амбуланта, ИМ 1069, Низ амбулантата има безбедносни камери кои не се покриени/заштитени и не е јасно дали се во функција и снимаат. Дел до камерите буквално имаат увид и зад гласачките паравани.
Кисела Вода, ЦОУ „Круме Кепески“, ИМ 2761, Се читаат имињата и презимињата на гласачите на глас од страна на ИО
Повреда на избирачко право
Сарај, ООУ „Дитуриа“, ИМ 2433, Гласањето се уште не е започнато до 9:30 часот.
Центар, ООУ „Коле Неделковски“, ИМ ‘2867/1 Гласањето не е почнато.
Проблеми со ФА/ УБИГ
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0046 проблеми со ФП не пронаоѓа гласачи
Чешиново-Облешево, ОУ – с. Спанчево, ИМ 0087, Поради проблем со УБИГ-от, гласањето се уште не е почнато на ова ИМ.
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ ‘0058, проблем со наогање на гласачи во ФП
Центар, Дом на АРМ, ИМ 2815, Гласањето е започнато дури во 09:45, поради немање на корисничко име и лозинка за пристап кон УБИГ-от.
Битола, ОУ Кирил и Методиј, ИМ 0059, 6 лица не ги фаќал ФП
Центар, ООУ „Киро Глигоров“, ИМ 2805, Гласањето е започнато во 07:15, поради потешкотии со УБИГ.
Повреда на КОВИД протоколи
Тетово, с. Лешок, ИМ 2009, На избирачкото место лице кое е претставник од избирачкиот одбор не носи маска со што ги прекршува Ковид протоколите за одвивање на изборниот процес
Аеродром, Оу „Гоце Делчев“ Горно Лисиче, ИМ ‘0728, На првиот гласач му се овозможува гласање без маска .Притоа не е ниту опоменат од избирачкиот одбор
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ ‘0058, се примаат гласачи без заштитни маски
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0046 членови на ИО не носат маски;
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0054 членови на ИО не носат маски
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0048 членови на ИО не носат маски;
Охрид, ОУ – с. Велгошти, ИМ 1298/1, Членовите на ИО воопшто не носат заштитни маски.
Бутел, ОУ Живко Брајковски, ИМ ‘2911/1, ИО не носи заштитни маски.
Помагање при гласање, гласање за друг, семејно гласање
Ранковце, ОУ – с. Ранковце, ИМ ‘0987 Злоупотреба на гласањето со придружба.
Непристапност, повреда на гласачко право на лица со посебни потреби
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0048 нема параван за лица со инвалидитет:
Василево, ОУ Гоце Делчев – с. Василево, ИМ ‘1800/1, Не е поставен третиот гласачки параван за луѓе со физичка попреченост.
Аеродром, ООУ „Блаже Конески“, ИМ 2684, Не е поставен третиот параван за гласачи со физичка попреченост.
Други нерегуларности
Тетово, ОУ „Братство-Миѓени“, ИМ 1972, Гласач се обидел да гласа без прикажување лична карта, при што ИО постапило според правилата, односно, не дозволиле да помине. Гласачот реагирал и при излегување ги фотографирал членовите од ИО, но од ИО повикале полиција и направиле записник.
Битола, ОУ Таки Даскало, 0048 едно лице гласа без лична карта, изјавил дека ја заборавил л.к дома, а ИО му дозволиле да гласа.
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0057 се запишал во погрешно место наместо на друг гласач и го завеле во дневникот.
Василево, Дом на култура – с. Градошорци, ИМ 1802, Претставник на подносител на листа (партиски набљудувач) пуши цигари во затворен простор, на самото ИМ.
Ѓорче Петров, ООУ С. Пинџур, ИМ ‘2581/1, Двајца од членовите на ИО, користат селотејп за лепење на кочанот со гласачките ливчиња.
Битола, ОУ Таки Даскало, ИМ 0057 просторијата за гласање е ладна
Куманово, ЈП Пазариште, ИМ 1033, Вратата од ИМ е постојано затворена, при секое влегување и излегување на гласачите се затвора.
Аеродром, ОУ Љубен Лапе, ИМ 2755, претседателката на ИО бурно реагирала на глас низ ходникот поради немање на сапун и немање на хигиена во тоалетите.
Аеродром, ОУ Љубен Лапе, ИМ 2755, претседателката на ИО немала намера да испраќа периодично извештај до ДИК, затоа што и другите ИО не го правеле тоа, а и нема намера да плаќа дополнително за интернет од свој џеб.
Аеродром, ОУ Љубен Лапе, ИМ2753 претседателката на ИО се жали на големиот број на гласачи во ова ИМ ( 1703 гласачи) смета дека треба да се поделат гласачите на две избирачки места
Лозово, ОУ – с. Дорфулија, ИМ 1708, Градоначалникот на Св. Николе кој е избран во прв круг се јавува како партиски набљудувач на изборите во о. Лозово во втор круг.
Чашка, ИМ 2228, Член на избирачкиот одбор не носи легитимација од ДИК бидејќи ја има заборавено дома.
Кичево, ОУ „Маршал Тито“, ИМ ‘0723, Вратат на избирачкото место е затворена со образложение дека е студено,и
Кичево, ОУ „Маршал Тито“, ИМ ‘0723, кутијата во која се ставаат гласачките ливчиња е означена погрешно, наместо за совет на општина која ја имаат залепено, треба да стои за избор на градоначалник.
Извор: ЦИВИЛ