ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Ги гласавте – гледајте, Милевски им порача на советниците кои не го почитуваат Уставот да го вратат паушалот

November 3, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оние кои мислеа дека со промената на градоначалниците и составот на советите во своите општини ќе се пробудат во градовите со нов начин на метење на улиците, се разбира дека се излажаа…пишува Орданоски. Сите советници од Аеродром ја потпишале свечената изјава со името „Република Македонија”. Ваквиот потег на советниците Милевски го оцени како политиканство.

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Ги гласавте – гледајте!….Имаше Македонија можност да се „одлепи“ од своето лошо минато. Впечаток е дека таа можност е загубена. Сега сме, отприлика, некаде околу 2013-2014 година, како резултат на слободниот, демократски избор на граѓаните, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.

Операција Земја

Luc Vernimmen

ПОЛИТИКА

Владината коалиција против предвремени избори, опозицијата ја чека оставката од Заев. Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност, одговорија вчера од кабинетот на претседателот на Владата Зоран Заев.

Партиите ги мотивирале избирачите и во вториот круг добија повеќе гласови. Најголем раст во добиените гласови во вториот круг има СДСМ – 27.358, потоа ВМРО-ДПМНЕ – 26.315 и ДУИ – 22.618 гласови.

Милевски до советниците кои не го почитуваат Уставот: Нека го вратат паушалот што ќе го добијат од Северна Македонија. Сите советници од Аеродром ја потпишале свечената изјава со името „Република Македонија”. Ваквиот потег на советниците Милевски го оцени како политиканство.

Касами: Владата има мандат и треба да продолжи. Забрзувањето на евроатлантскиот процес на државата е клучно. За нас е важно да продолжи Владата во тој правец. Не сум имал средба со Заев. Ќе се сретнам со него оваа недела. Ние имаме договор со Заев, кој е претседател на СДСМ. Ние добивме мандат од граѓаните на изборите во 2020 година и имаме обврска да го продолжиме мандатот, посочи Касами.

Спас Ташев: Функционирањето на историската комисија во сегашниот формат е излишно. Според него, дискусиите во Комисијата се непродуктивни и за самите седници не се водат протоколи, а какви одлуки и да се донесат, тие не се почитуваат од страна на Скопје и на крајот на денот генерално се враќаме на почетната позиција.

ЕКОНОМИЈА

Скроен Предлог-буџетот за 2022 година, очекувањата се дека ќе биде донесен навреме. Пари за реализација на проекти од патната и железничката инфраструктура, за изградба на магистрални гасоводи и интерконективни гасоводи со Грција и Косово, како и за здравството, образованието и земјоделството, се предвидени во Предлог-буџетот за 2022 година. Обезбедени се и пари за редовна исплата на плати, пензии и социјални трансфери.

Вицепремиерот Димитров на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград. Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена рака за регионална интеграција“ на која ќе бидат усвоени заклучоци, по што ќе биде одржана и прес–конференција.

Битиќи на Тркалезна маса за финансирање инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој.

ПАНДЕМИЈА

Најголем раст на новозаболени од Ковид-19 кај младите од 20 до 29 години. Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ, во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

СЦЕНА

doms2cents.com

„Војска на крадци“ најгледан филм на Нетфликс. Филмот на Зак Снајдер ја симна серијата „Игри на лигњи“ (Squid Game) од бројот 1 меѓу најгледаните содржини на Нетфликс, по скоро еден месец доминација. Снајдер ја прослави веста на Твитер.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Србакоски: „Библиска“ анализа за контрадикторноста на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

September 27, 2025

Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокираше градот

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk