Андреј Жерновски ја коментира изјавата на Христијан Мицкоски кој истакна дека бара брзи предвремени парламентарни избори.
Тој го прашува Мицкоски каде му е парламентарното мнозинство што го најавуваше и дали е сигурен дека ќе освои исто толку партиски гласови откако одма после локалните избори неговите градоначалници го прифатија уставното име Северна Македонија, како реалност.
– Зошто нови избори, ново трошење на парите на граѓаните и нивно малтретирање кога имаш мнозинство во Собранието?! – прашува во објава на Фејсбук, Андреј Жерновски.
„Второ, сигурен си дека ќе го освоиш истиот број на патриотски гласови откако твоите сопартијци седнаа во градоначалничките фотелји и ни кажаа дека, одеднаш, за ВМРО-ДПМНЕ „Северна Македонија е реалност”?, го прашува Жерновски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ј. Ѓ.