РИБАРО
Првото нешто што си го ветила Арсовска самата на себе откако ќе стапне на функцијата градоначалничка на Скопје, било остварувањето на благородната мисия – збратимување на двата нејзини един градови.
Како што дознаваат изворите на АХА од кабинетот на Арсовска, таа имала намера да ги збратими Скопје и Петрич, двата нејзини градови каде има регистрирана адреса на живеење и гражданство. За таа цел веќе било воспоставен контакт со градоначалникот на Петрич, кој бил воодушевен од идејата.
Тој побарал од кабинетот на Арсовска, ако може првично во знак на пријателство да му го испратат планот за чистење на сите диви депонии во Скопје за 82 дена, за да може и тој да го примени тоа експресно чудо-невидено во негов и нејзин Петрич.
„Ќути, ќе склопиме нешто набрзинка. Замисли ако го побараше планот за како ќе го направиме јавниот превоз бесплатен за сите граѓани, како ќе се заебевме? А можно и ќе го загрозевме збратимувањето, хахахаха.“ – коментирале од кабинетот на Арсовска.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK