Според членот 51 од Уставот на Република Северна Македонија законите мора да бидат во согласност со Уставот, пишува професорката Мирјана Најчевска на фејсбук.
„Тоа значи дека заклетвата која ја дале советниците во локалната самоуправа а во која се спомнува Република Македонија наместо уставното име е ништовна и тие не ја завршиле процедурата со која стануваат советници.
А може да се гонат и за кривоклетство бидејќи во заклетвата се колнат дека ќе го почитуваат Уставот.“, напиша Најчевска.
Извор: Фејсбук