ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Герасимовски ја презема функцијата: Чесно и одговорно ќе раководам со општината

November 5, 2021 10:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Горан Герасимовски ја презеде функцијата градоначалник на општина Центар. Вчера досегашниот градоначалник Саша Богдановиќ му ја предаде канцеларијата со детални информации за проектите во тек. Тој го запозна Герасимовски за функционирањето на општината, работата на администрацијата и другите тековни и секојдневни работи во општинската зграда.

Герасимовски изрази благодарност за досегашното успешно водење на општината напоменувајќи дека ќе продолжи да ги реализира добрите проекти кои носат бенефит за граѓаните. Тие заедно и подетално ги разгледаа проектите кои се во тек на реализација и разговараа за приоритетните и капитални инвестиции кои следат.

„Благодарам за топлиот прием кој го добив од досегашниот градоначалник Саша Богдановиќ. Чест и задоволство ми е што граѓаните ми дадоа можност да управувам со општината и да ги реализирам проектите од програмата која ја направив според нивните потреби. Ветувам дека нашата општина ќе биде зелена, чиста и со резидентни паркинг места за станарите и дека нема да отстапам од злоупотреба на државното земјиште за нова бетонизација на општината “, изјави Герасимовски.

Герасимовски детално се интересираше и за проектите кои во моментов се работат и кои веднаш ги презема. Тој даде акцент дека општина Центар во изминатите четири години спровела успешни политики и преку ревидирање на ДУП-те заштитила 14 000 метри квадратни зеленило и пренаменила земјиште во памптрак и градинка. Исто така во општината беше спречена и изградбата на Шпанските скали и Панорамското тркало.

„Јас ќе продолжам со ревидирањето на сите преостанати ДУП-ви со цел да добиеме нови површини за јавно добро. Неколкупати и досега напоменав дека општината ќе биде отворена за граѓаните за побрза интервенција, спроведување на законите и реализирање на нивните потреби и барања. Мојата цел е чесно и транспарентно раководење на општината затоа што само така ќе изградиме доверба со граѓаните и добри проекти за развој на општината“, изјави Герасимовски.

Герасимовски се заблагодари и за реализирањето на бројните инвестиции во основните училишта и градинките. Општина Центар во изминатиот период го отвори најмодерното и инклузивно училиште во државата „Киро Глигоров“ и покажа како треба да изгледа образовниот процес во земјава.

 

Next Post

Северна Македонија обезбеди привремен престој за 131 авганистански граѓанин вработен во Обединетите Нации

НАЈНОВО

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025

Филков до Тренчевска од СДСМ: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk