ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Ги поставивме темелите за спроведување на системски мерки за превенција од корупција и криминал, конфискацијата на имот е услов за истерување на правдата до крај

November 5, 2021 13:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Врвен приоритет на Владата на Северна Македонија е истрагите да не завршуваат само со кривичното дело, туку и со материјална одговорност на сторителите, односно со одземање на незаконски стекнатиот имот, порача на денешната „Конференција за ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“, заменикот на претседателот на владата задолжен за борба против корупција, човечки ресурси и одржлив развој,  Љупчо Николовски. На конфернцијата свои обраќања имаа министерот за правда Бојан Маричиќ, претседателот на Европскиот суд за човекови правда Роберт Спано,  Амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија,  Рејчел Галовеј, програмскиот директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот и Билјана Брајтвејт, претседателката на Врховен суд на  Северна Македонија, Беса Адеми и раководителката на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива,  Десислава Готскова.

Николовски се осврна кон реализацијата на владините заложби за функционални механизми за спречување на корупцијата и криминалот и конфискација на нелегално стекнат имот.

„Водејќи се од принципите на заштита на националниот имот, како и на државниот буџет, веќе ја имаме драфт верзијата на Законот за потекло на имот, нешто што за прв пат го добива нашата држава. Со ваквото законско решение, кое содржи низа механизми и одредби, за прв пат се воведува контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот. Дополнително, усвоена е Националната Стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот со Акциски план 2021/23 година, којашто придонесува за зајакнување на капацитетите на институциите и зголемување на ефикасноста на кривичните истраги што треба да резултираат со конфискација на имот и  противправна имотна корист“, рече вицепремиерот Николовски.

Дополнително вицепремиерот Николовски ги нотираше аспектите во областа на борбата против корупцијата кои беа позитивно оценети со последниот извештај на Европската комисија за прогресот на земјата во евроинтеграциите. Николовски потенцираше дека  пораката е јасна – криминалот е неисплатлив, а конфискацијата на имот и противправно стекната имотна корист се услов за истерување на правдата до крај.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

16. АКТО фестивал: Современи (не)демократии - Исчезнување на јавниот човек

НАЈНОВО

Филипче: Негласањето е награда за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да ја контролира цела држава

September 28, 2025

Филипче од Конвенцијата: Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, достоинството и слободата како наши темелни вредности

September 28, 2025

НАТО „ја зголеми будноста“ на Балтикот по упадот на дронови во Данска

September 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Самакоски: НАСА го побара „Микросам“, вештачката интелигенција не е баук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски започнува таму каде што застана човекот што го постави за претседател

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk