ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни над 7500 ковид случаи, се преговора за лекот „Молнупиравир“

November 6, 2021 09:15
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Засега, според здравствените власти, нема рапиден раст на бројот на новозаболени од вирусот Ковид-19 и предлози и препораки од Комисијата за заштита од заразни болести. Епидемиолошката состојба се следи и врз основа на тоа ќе се носат препораки за натамошно спречување на ширење на вирусот. Во претходното деноноќие се регистрирани уште 606 заразени лица, а активни  се 7 552 случаи со Ковид-19. Веќе се почнати преговорите со производителот на лекот „Молнупиравир“ кој може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид-19. Тој лек се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажале дека хоспитализацијата со негово користење е намалена за 50 отсто.

– Според податоците од анализите што ги прават епидемиолозите од ИЈЗ, во изминатава седмица не е забележано рапидно зголемување на позитивни од тестирани на Ковид-19. Од регистрираните нови позитивни случаи од 32 града во државата, забележано е зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Најголем дел од новозаразените се од Скопје. Нема притисок и во болниците. На територијата на цела држава во ковид – центрите хоспитализирани се вкупно 423 пациенти со Ковид-19. Засега нема нови предлози и препораки од Комисијата за заразни болести за заштита од Ковид-19, информираа вчера за МИА од Министерството за здравство.

Потенцираат дека дека секоја вакцина која ја имаат на располагање е безбедна и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2. Сите вакцинални пунктови низ државата, како што најавија, ќе работат и во текот на денов.

Податоците на МЗ покажуваат дека во период од 6 август до 4 ноември на територијата на државава како позитивни на Ковид-19 се потврдени 48 955 граѓани. Од нив 28 отсто, односно 13 886 лица, биле целосно вакцинирани.

– Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистиката за изминативе два месеци, 35 069 граѓани, односно 72 отсто, од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78 отсто, додека само 22 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19, што вчера ја објави Министерството за здравство.

Во период од 6 август до завчера на територијата на државата починале 1 688 пациенти со Ковид-19. Од нив 1 376 пациенти односно 82 отсто не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 312 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Според податоците на Институтот за јавно здравје што беа објавени вчера за претходното деноноќие  од направени 3.257 тестирања регистрирани се нови 606 случаи со Ковид-19, седум починати и 320 оздравени пациенти. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна  205 022, а на оздравени пациенти е 190 266, а на починати е 7 204. Активни се 7 552 случаи со Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања.

Во регионот се влошува епидемиолошката состојба со Ковид-19. Хрватска од денеска воведува нови мерки. Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска вчера, кога е соборен нов рекорд од 6.932 нови случаи во земјата, соопшти дека од 15 ноември ќе се прошири употребата на Ковид-потврдите, кои ќе бидат задолжителни за корисниците и вработените во јавните и државните служби. Началникот на Генералштабот, Давор Божиновиќ рече дека од 4 јануари, доколку не се подобри состојбата, ќе се воведат Ковид потврди кои ќе можат да ги добијат само оние кои се вакцинирани или оздравеле од Ковид-19, односно нема да ги добиваат оние кои се тестираат.

Додека, пак, во последните две недели бројот на заразени со коронавирусот во Црна Гора е зголемен за 30 отсто во однос на 14 дена претходно, изјави директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ. Црногорската Влада одлучи актуелните епидемиолошки мерки да останат во сила и во наредните недели, со засилени инспекции. Доколку епидемиолошката состојба не се подобри, од 1 декември постои можност за воведување дигитални ковид-потврди за целата јавна администрација – здравство, образование, полиција, армија, за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории.

Во Грција веќе четврти ден по ред, се регистрирани над 6.000 нови случаи на Ковид-19, а вчера, Националната организација за јавно здравје соопшти за 6.909 новозаразени, што претставува нов негативен рекорд по дневни случаи од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите 24 часа починаа 48 лица, а 450 пациенти (девет повеќе од завчера) се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во болниците, од кои 378 односно 84 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ вчера објави дека нејзината антивирусна таблета против Ковид-19 ја намалува стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто и бара нејзино итно одобрување. „Фајзер“ ги објави прелиминарните резултати од неговата студија, која беше спроведена на 775 возрасни лица. Пациентите кои го земале лекот заедно со друг антивирусен лек имале 89 отсто намалување на комбинираната хоспитализација или стапката на смртност по еден месец. Помалку од еден процент од пациентите кои го земале лекот биле хоспитализирани, а ниту еден од учесниците во студијата не починал.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Одлуките на ЕСЧП се обврзувачки за државите членки на СЕ, нема пресуди против Северна Македонија за дискриминација на Бугари

НАЈНОВО

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

September 27, 2025

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk