ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одлуките на ЕСЧП се обврзувачки за државите членки на СЕ, нема пресуди против Северна Македонија за дискриминација на Бугари

November 6, 2021 09:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот за човекови права, а нивното извршување го следи Министерствиот совет, наведува првиот човек на ЕСЧП. Нема пресуди во Стразбур против Северна Македонија за дискриминација на Бугари, порачуваат од Скопје.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано вчера во одговор на прашањето на МИА за неспроведувањето на 16-те пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, нагласи дека постои јасна разлика меѓу улогата на Судот да изрекува одлуки и посебниот оддел на Советот на Европа кој го надзира спроведувањето.

-Претседателот на Судот не е тој што треба јавно да дава коментари. Меѓутоа, општото начело е сосема јасно, тоа е дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата, подвлече Спано.

Таа обврска, додаде тој е недвојбена и јасна. – Тоа е општата изјава што би сакал да ја дадам по тоа прашање, меѓутоа не е моја улога јас да дадам коментар за конкретни поединечни чувствителни прашања меѓу две земји во однос на спроведувањето и одредени видови пресуди, оцени Спано.

Спано исто така додаде дека кога се работи за спроведување и извршување одлуки на Судот, одговорноста на Министерскиот совет е да го следи процесот.

– Во таа смисла многу е јасно дека општата легитимност е авторитетот на системот и причината за неговото постоење е кога Судот за човекови права во Стразбур ќе изрече обврзувачка пресуда на поединечна земја-членка. Таа земја-членка со тоа што е потписничка на Конвенцијата има направено суверен избор дека ќе се смета за обврзана, тоа е логичкиот тек, меѓутоа како се одвиваат работите во секој конкретен случај треба министерскиот совет да ги обезбеди, а не Судот, посочи претседателот на Европскиот суд за човекови права Спано на прес-конференцијата во Скопје со министерот за правда Маричиќ, пред почетокот на регионална конференција на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели нема пресуди во Стразбур против нашата земја за дискриминација на Бугари.

Тој го повтори ставот дека бугарското вето за нашиот почеток на преговори со Европската Унија, всушност не е само блокада кон нас, туку и кон ЕУ.

– Таа блокада сакале или не, е и блокада на македонско-бугарското пријателство, тоа ќе доведе до речиси неповратно оддалечување, изјави вчера Димитров во гостувањето на „Утрински брифинг“ во врска со очекувањата дека ќе има промена на ставот на Софија до декември, но и можноста Албанија да истапи сама на патот кон ЕУ.

Тој смета оти тешко дека до декември ќе се направи нешто. Позитивна интерпретација би била дека Бугарија постепено би се повлекла од некои барања, а негативната е, вели, кога не обвинуваат за дискриминација, а тоа, како што посочува, не е така. – Немаме поплаки, нема пресуди во Стразбур против Македонија за дискриминација на Бугари. Тие не можат да нѐ разберат за историјата, вели Димитров.

Тој додава дека Бугарите сметаат оти треба да влезат во македонскиот Устав. – Тоа е долг процес. Обратно не е можно, оти Бугарите велат дека нивниот Устав не е таков, истакнува Димитров.

Вицепремиерот за европски прашања нагласува дека последниве години биле отворени пет прашања, а потоа следело уште едно, пописот.

– Мора да се седне да се разговара. Лидерство е потребно од двете страни и да најдеме разумни решенија. Ова стана европски проблем затоа што Софија го одведе до Брисел. Да почекаме да видиме, кој ќе биде соговорникот со новата бугарска влада. Мора да бидеме поодговорни кон себе и да немаме преголеми очекувања секој декември и секој јуни, вели Димитров.

Во однос на соработката на државата со судот во Стразбур, министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека е од исклучително голема значење, бидејќи добрата соработка ќе значи намалување на бројот на апликации од Северна Македонија во ЕСЧП,

– Од име на Владата во септември го потпишав и Протоколот 16 на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, кој претставува еден важен документ со коj се унапредува соработката на домашните судови со Европскиот суд за човекови права. Со тоа како Влада ја потврдивме безрезервната определба да ги спроведуваме стандардите на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и праксата на Европскиот суд за човекови права, посочи Маричиќ на прес-конференцијата во Скопје со Спано.

Со овој Протокол, како што рече тој, се уредува можноста највисоките судови од земјава, да побараат од Европскиот суд за човекови права да даде советодавни мислења за принципиелни прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи или нејзините протоколи.

Министерот за правда изрази надеж дека ратификација на овој Протокол ќе се случи наскоро.

извор: МИА
Next Post

Родовиот баланс во локалните самоуправи предуслов за еднакви можности за сите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk