Доколку не сте обожавател на предолги серии со многу сезони и епизоди, тогаш мини-сериите се вистинскиот избор за вас.
Адаптацијата на шведската мини-серија од 70-тите со истоимениот наслов на култниот Бергман „Scenes From a Marriage“ овојпат е екранизирана американска верзија на делото, со Оскар Ајзак и Џесика Честејн во главните улоги.
Доколку сте расположени за неколку добри кратки мини-серии, еве што може да изгледате:
Scenes From a Marriage
Адаптација на шведската ТВ минисерија на Ингмар Бергман од 1973 година која го обработува распадот на еден брак.
WandaVision
Живеејќи идеализиран живот во предградието, супермоќните Ванда и Вижн почнуваат да се сомневаат дека не е сè онака како што навидум изгледа.
Mare of Easttown
Мер која работи како полицајка во еден мал град во Пенсилванија почнува да истражува брутално, локално убиство.
Behind Her Eyes
Самохрана мајка која започнува афера со својот шеф психијатар тајно се спријателува со неговата мистериозна сопруга.
The Serpent
Вистинска приказна за Чарлс Собхраџ, убиец, крадец и заводлив мајстор на маскирање, кој „оперирал“ во средината на 70-тите за време на хипи-движењето во Азија.
Nine Perfect Strangers
Девет непознати странци добиваат покана во луксузен спа-центар кој им ветува исцелување и животна трансформација. Директорката на одморалиштето е жена со мисија да ги оживее нивните уморни тела и умови.
извор crnobelo.com