Покрај заканувачките и навредливи објави коишто неретко ги објавуваше пратеникот и еден од членовите на президиумот на Левица, Димитар Апасиев, на Твитер исплива и еден упатен до Арбен Таравари од АА. Станува збор за објава на Фејсбук од 2020 година и во неа се вели: Кај е сега фашистот Таравари да брои етничка припадност на заразените ко на Златна Бубамара?
На ова прашање на Твитер, Сплинтер @sinisa_goliOtok, му одговори, еве го Таравари брат, до тебе !
Еве го Таравари брат, до тебе ?? pic.twitter.com/NVitDwPlfg
— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) November 8, 2021
Пред три дена, лидерот на ВМРО -ДПМНЕ на социјалните мрежи објави фотографии од, како што напиша, „новото парламентарно мнозинство“ на кои можат да се видат Димитар Апасиев, Арбен Таравари, Африм Гаши, Аријанит Хоџа, Александар Николоски и Христијан Мицкоски.
Извор: Твитер