ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Грчките медиуми за закажаната седница за гласање недоверба на Владата и последните случувања во Северна Македонија

November 9, 2021 11:30
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумите во Грција, во изминатите денови активно ги следат случувањата во Северна Македонија, почнувајќи од најавената оставка на Зоран Заев минатата седмица, до вчерашното доставено барање од опозицијата и закажаната седница за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен информативните портали и онлајн изданијата на грчките медиуми, внатрешно – политичките случувања кај нас, се дел и од вестите на телевизиите.

Новинарите во Грција, акцентот го ставаат на ставовите на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ за Договорот од Преспа, распоредот на силите во Собранието во пресрет на гласањето во четврток, но коментираат дека земјата може да падне во политичка криза.

Во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, новинарите детално информираа, за поднесеното барање за гласање недоверба на Владата, што тоа значи, но ги пренесуваат ставовите како на Мицкоски, така и на Заев.

Државната телевизија ЕРТ коментира дека во четврток се очекува клучната разврска за Владата на Заев, додека пак телевизијата „Скај“ пренесува детално кои партии го потпишуваат барањето за недоверба на Владата, и додава дека „според политичките аналитичари станува збор за привремена соработка со цел да падне Заев, истакнувајќи дека албанските партии нема да прифатат коалиција со Левица која има анти албански профил“.

-Во период на политичка нестабилност влегува Северна Македонија, опозицијата доставува предлог за гласање недоверба на Владата, кусо откако истече рокот што му го даде на Зоран Заев да си поднесе оставка, објави „Скај“.

Новинарот од телевизијата „Опен“ коменитраше дека ако Заев не го задржи мнозинството, а опозициската ВМРО не успее да формира Влада и да добие доверба, тогаш земјата ќе оди на предвремени избори.

-Целта на Заев сега, веројатно е да ги разбуди албанските пратеници, да ги активира нивните рефлекси и да ги спречи да учествуваат во Влада со ВМРО, но во главно со левичарската и анти албанска партија Левица, која се смета за партија во новата парламентарна формација, објасни новинарот од телевизијата „Опен“.

Телевизијата Мега, го пренесува ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски околу Договорот од Преспа.

-Рече дека од една страна никогаш нема да ја користи одредницата Северна, што значи дека континуирано ќе говори за Македонија, а од друга страна дека не може а да не го почитува Договорот од Преспа, кој во иднина би сакал да го коригира заедно со партнерите во Европа, објасни новинарот од „Мега“./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Престана со работа „Ал Џезира Балканс“, во 12 часот емитувани последните вести

July 12, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинителството поведе постапка против две лица за насилство врз Асовска

July 12, 2025
Фото: Скриншот

МВР определи 24-часовно полициско обезбедување на градоначалничката Арсовска

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk