Лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев со секој негов јавен настап покажува дека не ги сака Албанците и се што е албанско – тој е еден од најголемите борци против двојазичноста и цело време поттикнува антиалбанска кампања, плашејќи го и делејќи го народот со конструкции за федерализации и кантонизации.
Сепак, принципите и изјавите на Апасиев не му значат ништо и во борбата за власт тој сепак седна со три албански партии да креира мнозинство. Истите партии, кои пред помалку од година дена ги нарекуваше националистички, сега ги повикува на неговата страна.
Во самата програма на партијата Левица тие бараат поништување на Законот за употреба на јазиците и укинување на албанскиот како службен јазик во државата. Исто така, во програмата на партијата е и забрана на национални партии. Со други зборови, Апасиев ветува дека ќе ги укине тие партии кои сега ги повкува во коалиција.
Партијата Левица е исто така и против прогресот на Северна Македонија кон ЕУ и НАТО. Тие повикуваат на итно отчленување од НАТО пактот и воспоставување на стратешко партнерство со Кина. Освен тоа, во меѓународните односи, Левица бара и отповикување на признавањето на Косово, Израел и Јужна Кореја, а признавање на Палестина, Каталонија и Баскија.
Дополнително, во делот од програмата посветен за Обвинителство, Левица ветува „процесуирање на незастарливите т.н. Хашки случаи од 2001 година („Мавровски работници“, „Водството на ОНА“ и др.), како најтешки кривични дела извршени против човечноста и меѓународното хуманитарно право, како и „кривичен прогон против сите учесници во илегалната и шверцерска промена на уставното име Република Македонија (премиер, министер за надворешни работи, пратеници, обвинители, судии, новинари, активисти и др.).
Д. Е.