Не постои потреба да се нагласи дека мажите изневеруваат. Дури и кога жената се обидува се да направи совршено, таа на крајот е изневерена. Жените се уверуваат себеси дека направиле се што треба, совршено и ги зеле во предвид потребите на нивните мажи, дури и ги ставиле пред нивните потреби за после се, да бидат изневерени. И да, навистина е тешко да се разбере зошто мажите ги изневеруваат жените дури и кога се е како што треба, пишува Пинк. Но за изневерувањето, постојат само две причини.
Недостаток на зрелост
Недостатокот на искуството во полето врска, или способноста за разбирањето на една последица, можат да ги наведат мажите да изневерат. Проценката е дека скоро 68% проценти од мажите кои изневеруваат, чувствуваат грижа на совест после неверството.
Она што е важно за изневерената сопруга да го разбере е дека недоволната зрелост на нејзиниот сопруг нема апсолутно никаква врска со нејзиното однесување кон него. Ако не е доволно зрел да разбере колку ќе биде штетна неговата афера, тогаш не знае ни да ја цени личноста со која е во брак.
Лутина или одмазда
Понекогаш мажот одлучува да изневерува жена за да и се одмазди за неправдата што мисли дека му била нанесена. Во овој случај, тој свесно избира однесување за кое знае дека е штетно, за да нанесе болка на личноста со која е во брак. Иако е сосема природно да има несогласувања во бракот, многу парови запаѓаат во нездрави шеми на борба. Наместо да го решат спорот, тие се лутат, секој во својот агол и планираат одмазда.
М. М.