ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Започна бушењето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп

November 10, 2021 15:07
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, ПОЛИТИКА

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, и заменик директорот на ЈП за државни патишта, Благојче Трпевски, денеска извршија увид во градежните работи на бушење на тунелот кон Прилеп, на делницата Дреново – Фаришка клисура.

Тунелот е составен од две цевки и тоа тунелот во правецот кон Прилеп со должина од 139 метри и тунелот кон Градско со должина од 159 метри.

Изградбата на овој тунел се очекува да биде завршена за една година.

„Сакам да ги информирам сите граѓани од овој регион дека експресниот пат од Градско до Прилеп и на двете делници  се гради со полна пареа. Нема повеќе калкулации.

Денеска со директорот на ЈП за државни патишта  се наоѓаме на увид на бушење на тунелот кон  Прилеп, еден од најкаректеристичните објекти на оваа траса.

Овде ќе се изградат две тунелски ленти, едната кон Прилеп со должина од 139 метри и другата кон Градско со должина од 159 метри.

Изведувачот е комплетно мобилизиран и на располагање ги има сите потребни ресурси од кадар, работна сила, механизација со опрема и материјали за изведба на  тунелите согласно динамиката на изградба.“ – изјави министерот Бочварски.

Тој исто така потенцираше дека во Министерството за транспорт и врски заклучно со месец октомври има одлична реализација на капиталните инвестиции, што дава оптимизам дека до крајот на годината ќе има висок процент на реализација на капиталните проекти.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, истакна дека интензивно се работи на експресниот пат Градско – Дреново, кој е поделен во три делници.

„Ширина на делницата Дреново-Фариш е променлива. 5 км се со асфалтна платформа од 12,4 m што одговараа на експресен пат, а преостанатите повеќе од 5 км се со платформа од 17 m што одговара на автопат со намалена ширина. На само десет километри растојание во овој појас се градат два тунела, 21 мост, 5 подвозници, 11 потпорни ѕидови, еден кружен тек на локалниот пат со клучка кај Дреново и еден вијадукт, што говори за каков тешко пристапен терен станува збор.“ – изјави Рустеми.

Овој е еден од најзначајните патни правци во државата, каде што дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории. Со неговата реализација значително ќе се подобри патната инфраструктура на кракот Д на Паневропскиот транспортен коридор 10.

Next Post

Враќањето на Американците на Месечината е одложено

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk