ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Заев останува за да се стабилизира и ако може и да се зголеми мнозинството, Апасиев ќе го сруши и Мицкоски

November 10, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Ахмети деновиве ги „преслуша“ и Мицкоски и Заев во собраниските кабинети, јасно ставајќи до знаење дека тој со својата партија е „кингмејкерот“, столбот околу кој ќе опстојува или ќе се менува власта во Македонија. Тоа е реалноста…пишува Орданоски. Сега, шо прајме? Закачи дијазепам! – пишува РИБАРО.

ФРОНТ, ESPRESSO, РЕНДГЕН

Во пајажината на Мицкоски и Апасиев. Дали Скендер Реџепи – Зејд и неговата партија ќе ја лапнат јадицата што им ја фрли ДПМНЕ и ќе дозволат да останат заплеткани во пајажината на Мицкоски и Апасиев? На ваква провидна игра може да наседнат само наивни, пишува Џабир Дерала.

Апасиев ќе го сруши и Мицкоски. Али Ахмети деновиве ги „преслуша“ и Мицкоски и Заев во собраниските кабинети, јасно ставајќи до знаење дека тој со својата партија е „кингмејкерот“, столбот околу кој ќе опстојува или ќе се менува власта во Македонија. Тоа е реалноста, другото се прикаски за зачадените чајџилници, за политичките биртии и за фриволните фејсбук препукувања и навреди

Туркање.

Vasco Gargalo

Сега, шо прајме? Закачи дијазепам! Како што јавуваат изворите на АХА, после изјавата од СДСМ за одложувањето на оставката од Заев, Мицкоски и Апасиев имале телефонски разговор до раните утрински часови. Ги издвојуваме најбитните моменти….прочитајте го „разговорот“ меѓу Мицкоски и Апасиев во најновото АХА на РИБАРО.

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Заев: Очекувам да се стабилизира парламентарното демократско мнозинство. Искрено очекувам парламентарното демократско мнозинство да се стабилизира. Пред сè тоа што е ориентирано за евро-атлантскиот пат, тоа што е ориентирано за нашето мултиетничко општество, одржување на добрососедските односи и тоа што ориентирано кон позитивните реформи во државата, рече премиерот Зоран Заев по вчерашните средби на СДСМ на Централниот и Извршниот одбор.

Раководството на СДСМ едногласно одлучи Заев да ги одложи оставките. Според Костадинов, одлагањето на оставките ќе биде на неодредено време додека состојбите во државата го бараат тоа.

Се стопи ли мнозинството на Мицкоски па затоа бара алиби преку лажни вести? – прашуваат од СДСМ. Пратеници од опозицијата јавно преку медиуми сведочеа дека потписите за Иницијативата за недоверба на Владата биле собирани преку лаги и измами, што само покажува дека нема поголем измамник од Христијан Мицкоски. Дали на Мицкоски му се стопи мнозинството, па затоа е приморан преку лажни вести од белиот дворец да бара алиби?, прашуваат од владеачката СДСМ.

Ако не се изгласа недоверба на Влада, наредните три месеци не може повторно да се гласа, вели Џафери. Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање за недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена, рече Џафери.

МНР: Брзо и ефикасно издавање пасоши во нашата амбасада во Берлин.  Според тврдењето на амбасадорот Рамадан Назифи, над 200 лица се имаат сликано, а околу 70 наши државјани веќе се имаат стекнато со нова патна исправа.

ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Има појави на кражба на струја, а неретко тоа се прави за т.н. копање биткоини.-Електроенергетската криза е прогласена за ЕСМ и МЕПСО да можат да повлечат средства од Буџетот и да ја поправат својата финансиска состојба. Рестрикции имало и порано. Но сега има слободен пазар на електрична енергија од различни снабдувачи. Снабдувачот мора од добавувачот од странство предвреме да ја плати струјата. Ако има рестрикции, добавувачите нема да можат да ја продадат струјата не по своја вина, вели Бислимовски.

Стопанската комора со грант од ФИТР обезбеди машини за четири компании во вредност од половина милион евра. Со грантот во износ од 499.905 евра се набавени 23 машини во четирите фирми, потребни за зголемување на конкурентноста на производите.

И. Т. З. 

Next Post

Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk