ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Дали не очекува нов бран на корона вирусот? Вандалски чин кон припадник на СДСМ, преговорите со Северна Македонија и Албанија оценети како задоцнети

November 10, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Прес-конференција на министерот за здравство Филипче поради можен нов бран на корона-вирусот. Се апелира на поголем одзив за вакцинација. Општина Центар распиша јавен повик за ангажирање на невработени лица од општината во рамки на проектот „Образование за сите“. Како да го подобриме либидото на нашата партнерка? Филипче не размислува за оставка.

ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА

На седниците на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор се отворија многу прашања, но имајќи го предвид моментумот во кој се наоѓаме едногласно препорачавме претседателот на партијата и премиер Зоран Заев да ја одложи остаката, кажа претседателот на ЦО, Перо Костадинов во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека дебатата била конструктивна, имало и критичност, но расправата се одвивала во демократска атмосфера.

Мора да се води сметка за тенката линија меѓу зајакнувањето на безбедноста, а во исто време опасноста од навлегување во основните слободи и правото на приватност, а со користењето на дигиталната технологија и собраните податоци, таквиот ризик е постоен и реален. Ова денеска го порача претседателот на Собранието Талат Џафери на Парламентарниот дијалог за управување и надзор на разузнавањето во организација на ДКАФ (Центар за демократска контрола над вооружените сили – DCAF).

Во тек е јавниот повик на Општина Центар за ангажирање на невработени лица во проектот „Образование за сите“. Проектот има за цел да ангажира невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат за работно ангажирање како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2021/2022 година.

Филипче не размислува да поднесе оставка поради актуелните случувања во СДСМ. Не, не размислувам во таа насока, кусо одговори Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која соопшти детали за КОВИД-состобата во земјава.

Преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија се многу задоцнети. Сите се надеваме дека вистинската одлука ќе биде донесена до крајот на словенечкото претседателство со ЕУ и Словачка напорно работи за постигнување на оваа цел, изјави денеска словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш.

СКАНДАЛИ

Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром, се вратија и режимските методи, истакна за медиумите Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром. Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живеам, оштетен е мојот автомобил. Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот, истакна таа.

ПАНДЕМИЈА

Филипче кој денеска на прес-конференција информираше за состојбата со корона вирусот во земјава, рече дека можеби сме пред нов КОВИД бран. Како што рече Филипче, многу е тешко да се идентификува вистинската причина за растот на КОВИД случаите. Можно е да се работи за некоја од варијациите на вирусот. Затоа се чекаат резултатите од секвенционирањето кои треба да стигнат до крајот на оваа или почетокот на идната недела.

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во петок, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на КОВИД-состојбата во земјата, но Филипче лично смета дека нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација.

На територијата на целата држава меѓу малолетната популација до 18 години има 1068 активни случаи со Ковид-19. Во Институтот за белодробни заболувања во Козле се лекуваат 23 деца, само две се на кислородна поддршка и ниту едно не е во критична состојба, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека во овој Институт е хоспитализирано и двомесечно бебе.

LIFE STYLE

Себичноста во креветот е онаа особина која жените ја мразат најмногу кај мажот за време на интимниот однос. Ако сакате партнерката да развие желба и двајцата максимално да уживате, направете ги овие работи…

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лидерите на ЕУ не успеаја да се договорат за новиот пакет санкции за Русија

June 27, 2025
Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

June 27, 2025
Фото: Скриншот

Трамп сака драстично да го намали финансирањето на САД за истраги за воени злосторства

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk