ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Руте со поддршка за „Отворен Балкан“ и старт на преговорите со ЕУ до крајот на годинава, Дали не очекува нов бран на корона вирусот?

November 10, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Заев останува за да се стабилизира и ако може да се зголеми мнозинството, Апасиев ке го сруши и Мицкоски, се апелира на поголем одзив на вакцинација, Филипче не размислува за оставка.

ФРОНТ

Апасиев ќе го сруши и Мицкоски. Али Ахмети деновиве ги „преслуша“ и Мицкоски и Заев во собраниските кабинети, јасно ставајќи до знаење дека тој со својата партија е „кингмејкерот“, столбот околу кој ќе опстојува или ќе се менува власта во Македонија. Тоа е реалноста, другото се прикаски за зачадените чајџилници, за политичките биртии и за фриволните фејсбук препукувања и навреди

Туркање.

Сега, шо прајме? Закачи дијазепам! Како што јавуваат изворите на АХА, после изјавата од СДСМ за одложувањето на оставката од Заев, Мицкоски и Апасиев имале телефонски разговор до раните утрински часови. Ги издвојуваме најбитните моменти….прочитајте го „разговорот“ меѓу Мицкоски и Апасиев во најновото АХА на РИБАРО.

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Заев: Очекувам да се стабилизира парламентарното демократско мнозинство. Искрено очекувам парламентарното демократско мнозинство да се стабилизира. Пред сè тоа што е ориентирано за евро-атлантскиот пат, тоа што е ориентирано за нашето мултиетничко општество, одржување на добрососедските односи и тоа што ориентирано кон позитивните реформи во државата, рече премиерот Зоран Заев по вчерашните средби на СДСМ на Централниот и Извршниот одбор.

Раководството на СДСМ едногласно одлучи Заев да ги одложи оставките. Според Костадинов, одлагањето на оставките ќе биде на неодредено време додека состојбите во државата го бараат тоа.

На седниците на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор се отворија многу прашања, но имајќи го предвид моментумот во кој се наоѓаме едногласно препорачавме претседателот на партијата и премиер Зоран Заев да ја одложи остаката, кажа претседателот на ЦО, Перо Костадинов во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека дебатата била конструктивна, имало и критичност, но расправата се одвивала во демократска атмосфера.

Во декември има клучен прозорец во однос на политиката за интеграција на ЕУ кон Западен Балкан, а процесот нема да биде кредибилен доколку не бидат прифатени утврдениот напредок во досието на Северна Македонија и Албанија во октомврискиот извештај на Европската Комисија, заедно со уште еднаш повторената препорака дека двете земји ги исполнуваат условите да ги отпочнат преговорите со ЕУ, констатирале на денешната средба во Скопје претседтаелот на Владата Зоран Заев и премиерот на Холандија Марк Руте, соопшти владината прес-служба.

Во тек е јавниот повик на Општина Центар за ангажирање на невработени лица во проектот „Образование за сите“. Проектот има за цел да ангажира невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат за работно ангажирање како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2021/2022 година.

Ако не се изгласа недоверба на Влада, наредните три месеци не може повторно да се гласа, вели Џафери. Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање за недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена, рече Џафери.

ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: Има појави на кражба на струја, а неретко тоа се прави за т.н. копање биткоини.-Електроенергетската криза е прогласена за ЕСМ и МЕПСО да можат да повлечат средства од Буџетот и да ја поправат својата финансиска состојба. Рестрикции имало и порано. Но сега има слободен пазар на електрична енергија од различни снабдувачи. Снабдувачот мора од добавувачот од странство предвреме да ја плати струјата. Ако има рестрикции, добавувачите нема да можат да ја продадат струјата не по своја вина, вели Бислимовски.

СКАНДАЛИ

Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром, се вратија и режимските методи, истакна за медиумите Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром. Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живеам, оштетен е мојот автомобил. Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот, истакна таа.

ПАНДЕМИЈА

Филипче кој денеска на прес-конференција информираше за состојбата со корона вирусот во земјава, рече дека можеби сме пред нов КОВИД бран. Како што рече Филипче, многу е тешко да се идентификува вистинската причина за растот на КОВИД случаите. Можно е да се работи за некоја од варијациите на вирусот. Затоа се чекаат резултатите од секвенционирањето кои треба да стигнат до крајот на оваа или почетокот на идната недела.

Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во петок, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на КОВИД-состојбата во земјата, но Филипче лично смета дека нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација.

В.К
Next Post

Пендаровски: Ако немаме јасно мнозинство од 61 глас, ќе биде уште полошо од сегашната политичка криза

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk