РИБАРО
– Овој пак ни го спопика, ја одложи оставката. Сега шо прајме?, Димче го прашал Мицко.
Како што јавуваат изворите на АХА, после изјавата од СДСМ за одложувањето на оставката од Заев, Мицкоски и Апасиев имале телефонски разговор до раните утрински часови. Ги издвојуваме најбитните моменти:
Мицко: А што мислеше ти, на гладно срце ќе ни ја даде власта? Оној холандезот премиер, денес што иде во официјална посета, мислиш, случајно е тоа? Инсистрирањата од премиери, министри, тинк-тенкови… од цела европа што идеа деновиве, мислиш така им текнало од што немаат друга работа?
Димче: После ова и Беса може да се испишмани, а ништо чудно и уште неколкумина други. Море го јадовме, остај ти.
Мицко: Па нормално дека може, кога два грама мозок немаш и трескаш на Фејсбук што ќе ти падне на памет, се курчиш, памет делиш.
Димче: Шефон од Будимпешта шо вели?
Мицко: Не ми крева, телефон, го барам од сношти.
Димче: Нормално дека не ти крева. Нè пушти по вода.
А со Кики Фрики се чу, шо кажа?
Мицко: Бил на дијазепам. Рече имал проблем и со мешето. Му го скрил Орце нокширчето, оти не бил умен. читај – го оставил да скапува во притвор, па мочкал Кикио во пелени. А му отекол и јазикот. Ми шљапаткаше уште нешто ама не го разбрав. Очигледно си има маки. А, што ќе каже угурсузот? Ќе рече – ааа… ќе мантраме пишманаџија, не си стои на зборот и такви излитени фрази што не држат кога се работи за политика. Нека се скрие подобро и со него си ја зедовме бељата.
Димче: Со овие со скафандериве што ќе правиме на седница?
Мицко: Астронаутско друштво, на изгубените во свемирот. Ете тоа ќе правиме.
Ајде оди закачи некој ап да преживееме до утре, па белки Грујо ќе прати уште некоја торба евра да го бетонира препишманетиот алтернативец, а да пробаме и со други.
Димче: Туку, од што му отекол јазикот на Кики Фрики, в ум ме стави?
Мицко: А од што може да отече јазик бе Димче.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK