Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живеам, оштетен е мојот автомобил. Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот.
Ова почитувани, е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не е поместена од режимската матрица на насилство, закани и притисоци. Нема таму никаква промена, ова се истите методи од најцрното време на режимот.
Но ова истовремено го покажува очајот, немоќта и фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Ваквото насилничко однесување нема да помине. Нема да ме уплашат ниту мене ниту кој било кој е на страната на демократските вредности, на страната на прогресивните сили.
Времето на закани, насилство и притисоци врз политички неистомисленици заврши со падот на режимот и тоа време нема да се врати. Денес е време на одговорност и неселективно владеење на правото, лицата кои го сториле овој подмолен чин ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани.