ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ССМ: Без оглед на политичката состојба во државата не отстапуваме од барањата за работниците

November 11, 2021 10:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати на Македонија одржа седница на Претседателството на која се дискутираше актуелната состојба поврзана со работничките права и процесите за донесување на одредени важни закони за работниците и колективните договори.

ССМ едногласно донесе Одлука врз основа на која најдоцна во рок од 30 дена бара итно усвојување на законското решение со кое се прогласува недела за ден на неделен одмор.

– Со оглед на тоа што се поминати сите рокови кои беа договорени помеѓу социјалните партнери за усвојување на Законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи во делот на прогласување на недела за ден на неделен одмор кој според нас не оправдано е заглавен во Собраниската комисија за труд и социјална политика, сметаме свесно дека се прави штета на огромен број на работници, се вели во соопштението од Синдикатот.

Доколку Законот беше донесен, од ССМ велат дека досега 92 проценти од вработените ќе одмараа, а осум проценти од работниците ќе беа платени со најмалку 50 до 100 проценти додаток за работа во ден на неделен.

ССМ бара и итна измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата.

Посочуваат дека поради евидентното зголемување на цените, потребно е да се зголемат и платите со што ќе може да се овозможи трошок во висина на една синдикална потрошувачка кошница.

– Зголемувањето на останатите плати согласно зголемувањето на минималната плата треба да биде преку почитување на одредбите од колективните договори кои се однесуваат на утврдување на коефициенти на сложеност на работните места преку коишто многу лесно ќе следи зголемување на платите за сите работници, велат од ССМ и додаваат дека уште на почеток на наредната недела ќе побараат предлог измена и дополнување на Законот за минимална плата.

Синдикатите бараат и итно потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор

– Уште во август 2021 година доставивме предлог текст на нов општ колективен договор за јавниот сектор во којшто покрај другото предложивме право за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор во висина од 30 до 100 проценти од основицата, се наведува во соопштението од Синдикатот.

Со новиот општ колективен договор за јавниот сектор, од ССМ велат дека ќе се промени поделбата и неправдата, а се нуди и поволно решение за зголемување на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени, работа во ден на неделен одмор, зголемување на деновите за платен одмор и воведување дополнителни основи за платени слободни денови, се воведува задолжителна одредба за консултирање на работниците, како и задолжителна обврска да потпише колективен договор на ниво на работодавец за работодавецот кај кој има над 30 вработени и други унапредувања на работничките права.

– Имајќи предвид дека овие барања на работниците подолг временски период се игнорираат од надлежните министерства, пратеници, а беа ветени од страна на Владата, доколку не бидат исполнети во рок од 30 дена, синдикатите здружени во ССМ ќе спроведуваат постапки во нивните органи и тела, врз основа на одлуките на ССМ што ќе бидат донесени во наредните денови. Ќе бидеме принудени да застанеме рамо до рамо со работниците на генерален штрајк, велат од ССМ.

Додаваат дека донесена е Одлука веднаш да продолжат преговорите со Организацијата на работодавачи на Македонија и да се склучи Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Велат дека без оглед на политичката состојба во државата, работниците не отстапуваат од барањата што се егзистенцијални и суштински за нив.

извор: МИА

Next Post

АХК: Северна Македонија влегува во енергетска криза

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk