Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, вчера после неуспешниот обид за соборување на Владата, повика на радикализација. Катерина Колозова преку објава на Фејсбук, го прашува – за што да се радикализираме?
„За што да се радикализираме, Апасиев? За името, договорот? Една социјална тема не отвори ко ургентна. Еве, мене ми се проблем бланкет рестрикции – ко што беше железен бланкет локдаун лани- кај што луѓето ќе испомрзнат или нема да можат да работат од дома, ако товарот на рестрикции не се распредели паметно меѓу компании, особено оние кои можат да работат од дома, од една страна и домаќинствата, од друга страна, меѓу големите и малите, или, пак, домаќинствата сосема да бидат поштедени (преку субвенции на државата, ко Бектеши што најави, во извесна смисла) – особено ако дел од работата се префрли дома. Еве идеја за социјални ако не баш социјалистички политики, а не само “режим” (вејг… дури ни Грујо не беше точно режим), мнозинство, ВЛАСТ и патриотизам. Ало, ова ти се приоритетите ко лева партија- ти си лажна трета ем социјалистичка опција.“, напиша Колозова.