„Опозицијата згреши бидејќи му веруваше на Христијан Мицкоски и на постојаното повторување дека обезбедил мнозинство, но ете тој не успеа да обезбеди и затоа не можете да обвините дека некој е киднапиран или дека МВР не постапува“ – рече пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ во гостувањето на „Само вистина“ на Канал5.
Според Петровска, веројатно Реџепи видел дека ВМРО-ДПМНЕ не носи нова иднина, неопоравени од режимот на Никола Груевски и од тоа што не знаат што ќе прават понатаму.
„Тие ниту еднаш не дадоа одговор што понатаму. Дали после сево ова лидерот на опозицијата чувствува срам бидејќи даде морбидна изјава дека Кастриот Реџепи е новиот Амди Бајрам, лесна му земја“ – дополни Петровска.
Според Петровска, дискутабилна е иницијативата што претходно беше потпишана од 61 пратеник, а други пратеници реагираа и ги повлекоа потписите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ направи замка за иницијативата и ги изманипулира пратениците.
„Колегите од опозицијата се разочарани и знам дека Мицкоски нема план и програма за оваа држава и затоа ова беше неуспех“ – рече Петровска.