Тихомир Јанчовски
Ако отидам пред тебе
ако ме надживееш
знам, нема да дојдеш
да ме испратиш
да запалиш свеќа
ни да фрлиш грст земја
откако ќе го стават
сандакот во дупката
и ќе ги истават јажињата
Нема да дојдеш со сите
ниту после ќе дојдеш сама,
да поплачеш намира
кога нема никој
На местото ќе се собере мала толпа
залудно ќе те барам меѓу ужалените
од сите лица таму
едно нема да е твое
Ако заминам пред тебе
(а ќе заминам, поинаку не можам да замислам)
ќе ти дојдам насон
и нема да те уплашам
само ќе ти кажам
дека уште жалам,
и дека те разбирам
26. 2. 2016
Тихомир Јанчовски – поет, професор, преведувач и колумнист. Роден e нa 24 август 1967, во Скопје.
избор: Тања Кармзова Костиглиола