Околу 16 часот, мониторингот на ЦИВИЛ забележува голема раздвиженост на луѓе и возила во Дебар, каде што се гласа за вториот круг на локалните избори. Излезноста до 15 часот беше 29%.
Во меѓувреме, гласањето тече мирно и коректно, според извештаите од теренот, каде што се наоѓаат четири мобилни набљудувачи на ЦИВИЛ.
Единствен проблем се фингерпринт апаратите кои не функционираат кај сите гласачи подеднакво. Тоа создаде редици на неколку места, како што извести ЦИВИЛ во пладневниот извештај.
Во текот на денот беа забележани и два случаи на гласачи кои не биле во Избирачкиот список, но тие биле испратени до Општинска изборна комисија каде што и давата случаи се решиле позитивно.